петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Појас Газа | 49 резултати

Жестоки борби во Газа, 20.000 повредени цивили оставени без адекватна помош

ноември 2, 2023

Израелските сили и борците на Хамас водат жестоки борби во Појасот Газа, при што Израел тврди дека го пробил одбранбениот фронт на Хамас и сега се наоѓа пред влезот на самиот град Газа, јавува Би-би-си. Хамас изминатово деноноќие истрелал противтенковски проектили, фрлал гранати и активирал експлозив против израелските сили. Израелската војска одговорила со жестоки напади […]

Столтенберг: Војната во Газа не смее да ја ослабне поддршката за Украина

ноември 1, 2023

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека војната на Блискиот Исток не смее да ја ослабне поддршката за Украина и ја нагласи потребата да ѝ се обезбеди повеќе оружје на земјата во борбата против Русија. Нема знаци дека Русија планира мир, напротив, планираат уште војна, рече Столтенберг на 75-от Нордиски совет во Осло, Норвешка, […]

Телекомуникациските врски во Газа се обновуваат, Израел го засилува копнениот напад

октомври 29, 2023

Телефонските линии и интернет конекциите полека се враќаат во Појасот Газа по повеќе од еден ден речиси целосен прекин на комуникациите. Поврзаноста беше прекината откако Израел го интензивираше своето бомбардирање на територијата и започна голема копнена операција во која беа вклучени тенкови и војници, пренесе Би-би-си. Дека фиксните, мобилните и интернет услугите во Газа постепено […]

Израел ги интензивираше нападите, комуникациите со Газа целосно отсечени

октомври 27, 2023

Израел вечерва ги интензивираше нападите врз Газа, додека светските медиуми и меѓународните организации објавуваат дека не можат да стапат во врска со нивните вработени на терен и дека комуникациите со Газа се целосно отсечени, пишува Би-би-си. Би-би-си, меѓународната хуманитарна организација Екшн Ејд и палестинскиот Црвен крст вечерва потврдија дека изгубиле контакт со нивниот персонал, додека […]

Израел-Хамас: Речиси секој преживеан бил сведок како умира некој друг, пред самиот да биде повреден

октомври 26, 2023

По предупредувањето од главната болница во Газа на југот на енклавата дека ќе престанат да се вршат интервенции поради недостиг на гориво, следуваше апелот на шефот на Обединетите нации Антонио Гутереш за итен хуманитарен прекин на огнот. Потребно е примирје, рече тој пред Советот за безбедност во вторникот, за да се олесни епското страдање, да […]

МНР: Петмина македонски државјани заглавени во Газа, во моментов се на безбедно

октомври 24, 2023

Петмина државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат во Газа, изразиле интерес да се вратат во земјава, информираше денеска Министерството за надворешни работи (МНР). „Покрај брачниот пар, за кој од порано имавме информации дека се наоѓаат во Газа, во меѓувреме нашата амбасада во Каиро е контактирана од семејство – татко и две деца, сите […]

Израел ги засилува бомбардирањата врз Газа, Хамас тврди загинале 55 цивили

октомври 22, 2023

Израел ги засили бомбардирањата врз Појасот Газа, при што израелската војска тврди дека убиле десетици терористи во нападите, додека Хамас возвраќа дека најмалку 55 цивили биле убиени во воздушните напади врз Газа во изминатава ноќ, пренесува Би-би-си. Хамас информираше дека над 30 домови биле уништени во израелските напади изминатава ноќ. Нападите доаѓаат откако портпаролот на […]

Медиумите би објавиле сè за да добијат клик повеќе, вели Ризаов кој алармира на претпазливост за лажни вести

октомври 20, 2023

„Осум милијарди долари американска воена помош за Израел“, „Војната Израел-Хамас се шири на интернет“, „Заробен израелски генерал“, „Украина му обезбедува оружје на Хамас“. Овие наслови споделени на социјалните мрежи и медиумите се лажни вести. Ваквиот наплив на ширење дезинформации доаѓа во време на израелско-палестинскиот конфликт кои создаваат конфузии кај читателите и креираат лажна перцепција за […]

Американско разузнавање: Во нападот на болницата во Газа загинале помеѓу 100 и 300 лица

октомври 20, 2023

Американската разузнавачка заедница проценува дека во нападот во болницата Ал Али-Араб во Газа најверојатно се убиени помеѓу 100 и 300 лица, пренесе Франс24. Овие бројки се далеку пониски од речиси 500-те смртни случаи за кои првично јавија здравствените власти во Хамас. „Сè уште ги проценуваме бројките за веројатните жртви и нашата проценка може да се […]

Бајден побара „витална“ воена помош за Украина и Израел

октомври 20, 2023

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека светската историја е на „точка на пресврт“, истакнувајќи ги заложбите за, како што ја нарече, „паметна инвестиција“ од милијарди долари воена помош за Украина и Израел. Во говор во Белата куќа, Бајден рече дека Хамас и Русија сакаат да ја уништат демократијата во соседните земји, пренесува Би-би-си. Американскиот претседател […]

Хуманитарна помош преку Египет ќе влезе во Газа, Израел не престанува со нападите

октомври 19, 2023

По вчерашната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Израел, Египет се согласи да го отвори граничниот премин Рафах за влез на хуманитарна помош за жителите на Појасот Газа, пренесува Би-би-си. Бајден во разговорот со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси договориле до 20 камиони со хуманитарна помош да влезат во Газа, а оваа пратка би […]

На жителите на Појасот Газа дадена им е нова временска рамка за да можат да бегаат

октомври 15, 2023

Израел продолжува да одговара на нападите на Хамас кои започнаа на 7 октомври. Министерството за здравство во Појасот Газа утринава соопшти дека во израелските воздушни напади загинале повеќе од 2.300 Палестинци, а повеќе од 9.000 се ранети, соопшти Би-би-си. Израелската војска денеска објави дека ќе им дозволи на жителите на Газа да се евакуираат на […]

ЕУ со предупредување до ТикТок за дезинформации поврзани со нападот на Хамас врз Израел

октомври 13, 2023

Европската Унија го предупреди ТикТок за дезинформации што се шират на платформата по нападот на Хамас врз Израел. Во писмото, ЕУ го повикува извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чу „итно да ги засили“ напорите и во следните 24 часа да објасни како се усогласува со европското право, јавува Би-би-си. Социјалните мрежи бележат пораст на […]

Израел им даде рок од 24 часа за евакуација на Палестинците од северна Газа

октомври 13, 2023

Израелските власти им дадоа рок од 24 часа на Палестинците да се евакуираат од северна Газа, јавува Би-би-си. Светските медиуми објавуваат фотографии од жени и деца од Газа како се подготвуваат за евакуација и заминуваат од своите домови во јужните делови од Појасот Газа. Би-би-си пишува дека зададениот рок од Израел е прекраток за евакуација […]

Османи: Од Израел се вратени 60 македонски државјани, брачна двојка е заглавена во Газа

октомври 12, 2023

Од ноќеска почнало враќањето на сите 150 наши државјани од Израел кои се пријавиле за евакуација во Македонија. Има и такви кои се чувствуваат безбедно или се во брачна врска и сакаат да останат во Израел, го пренесуваат медиумите дел од денешниот брифинг со новинари на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Министерот меѓудругото кажал […]

Бајден: Нападот на Хамас е најсмртоносен напад врз Евреите по Холокаустот

октомври 12, 2023

Повеќето од 2,3 милиони луѓе кои живеат во појасот Газа немаат струја и вода, а по стотиците израелски напади во саботата, тие немаат ниту каде да бегаат, пишува Ројтерс. Палестинската територија е под опсада од саботата, со речиси постојано бомбардирање за кое здравствените власти во Газа изјавија дека се убиени повеќе од 1.000 луѓе. Овие […]

МНР: Безбедносната состојба во Израел сложена, 20 македонски граѓани ја напуштиле земјата

октомври 9, 2023

Преку различните транспортни канали, во текот на вчерашниот ден 20 наши државјани го напуштиле Израел, додека бројката на пријавени граѓани кои сакаат да заминат надминала 100, информираше денеска Министерството за надворешни работи (МНР) во својот најнов извештај за ситуацијата во Израел откако Хамас го изврши ненадејниот напад во саботата. „Неколку граѓани, во рамките на нашите […]

Хамас и понатаму ја преминува границата, Израел: „Ова е нашиот 11 септември“

октомври 9, 2023

Сè уште се во тек борбите во седум или осум области во Израел, а активна е и заложничка ситуација во кибуцот Кфар Аза. Припадници на групата Хамас и понатаму ја преминуваат границата на Израел – влегувајќи или излегувајќи од земјата. Во градот Ашкелон, пак, во тек се ракетни и артилериски напади. Ова се клучните состојби […]

МНР проценува дека до 200 македонски државјани се наоѓаат во Израел

октомври 9, 2023

На територијата на Израел и загрозените подрачја се проценува дека престојуваат меѓу 100 и 200 македонски државјани, информира македонското Министерство за надворешни работи (МНР). Од кризниот штаб формиран во МНР велат дека очекуваат да се пријават или да бидат пријавени од нивните блиски во контакт центрите на земјава. „За повеќе информации, на располагање се СОС […]

МНР: Се зголемува бројот на македонски државјани затечени во загрозените подрачја во Израел и на Западниот брег

октомври 8, 2023

Постојано се зголемува бројот на македонски државјани кои се пријавуваат дека се затечени во и околу загрозените подрачја во Израел и на Западниот брег, соопштија денеска од Министерството за надворешни работи (МНР), повикувајќи се на информации од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, како и според јавувањата на СОС телефонот во МНР во […]

Страна 2 од 3