fbpx

Хамас и понатаму ја преминува границата, Израел: „Ова е нашиот 11 септември“

Бројот на жртви од насилството по ненадејниот напад на Хамас надмина 1.100

-

Сè уште се во тек борбите во седум или осум области во Израел, а активна е и заложничка ситуација во кибуцот Кфар Аза. Припадници на групата Хамас и понатаму ја преминуваат границата на Израел – влегувајќи или излегувајќи од земјата. Во градот Ашкелон, пак, во тек се ракетни и артилериски напади.

Ова се клучните состојби за кои утрово на брифинг информираа Израелските одбранбени сили, а ги пренесе „Гардијан“, по нападот што во саботата го изврши Хамас од Појасот Газа.

Бројот на жртви од насилството по ненадејниот напад надмина 1.100.

Повеќе од 700 лица се убиени само во Израел, вклучувајќи и 260 убиени кои во моментот на нападот биле дел од музички фестивал. Меѓу загинатите има и 44 војници, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел тргнува во „долга и тешка војна“.

Во Газа, која беше погодена од израелски воздушни напади, властите соопштија за најмалку 413 загинати.

Во последните неколку часа, двајца високи членови на израелската војска ги споредија саботните напади од Газа со нападите на 11 септември на САД, јавува Би-би-си.

„Ова е нашиот 11 септември. Нè фатија“, рече портпаролот мајор Нир Динар.

Потполковникот Џонатан Конрикус, исто така ги спореди нападите на Хамас со големите напади во Америка.

„Ова може да биде 11 септември и Перл Харбор завиткано во едно. Ова е далеку најлошиот ден во израелската историја. Никогаш досега не биле убиени толку многу Израелци“, рече тој.

Израелската војска денеска соопшти оти во текот на ноќта нападнала стотици цели на Хамас и Исламски Џихад во Појасот Газа. Борбени авиони, хеликоптери и артилерија погодиле над 500 цели, вклучително и командните центри на Хамас и Исламски Џихад.

Во меѓувреме, Иран силно негираше дека била директно вклучена во планирањето на нападот на Хамас врз Израел или дека дала одобрение, инсистирајќи на тоа дека Хамас била независна политичка операција, јави „Гардијан“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, исто така рече дека САД немаат директно знаење за иранска вмешаност и покрај тврдењата на Израел, вклучувајќи го и претседателот на земјата Исак Херцог, кој рече дека Иран била „архитектот“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...