fbpx

Израел им даде рок од 24 часа за евакуација на Палестинците од северна Газа

Би-би-си пишува дека зададениот рок од Израел е прекраток за евакуација на сите 1,1 милиони жители од северниот дел на Газа, бидејќи тоа би значело напуштање на овие подрачја на по 40.000 луѓе во еден час

-

Израелските власти им дадоа рок од 24 часа на Палестинците да се евакуираат од северна Газа, јавува Би-би-си. Светските медиуми објавуваат фотографии од жени и деца од Газа како се подготвуваат за евакуација и заминуваат од своите домови во јужните делови од Појасот Газа.

Би-би-си пишува дека зададениот рок од Израел е прекраток за евакуација на сите 1,1 милиони жители од северниот дел на Газа, бидејќи тоа би значело напуштање на овие подрачја на по 40.000 луѓе во еден час.

Небал Фарсах, портпарол на палестинската Црвена полумесечина во Газа изјави дека е невозможно да се евакуираат безбедно сите жители во еден ден. Притоа, лекарите од северна Газа веќе одбија да го напуштат теренот. Претставниците на Хамас јавно им порачаа на граѓаните од северна Газа да не го послушаат ултиматумот на Израел. Тие ваквата наредба ја нарекоа лажна пропаганда и ги повикаа граѓаните да ја игнорираат.

Оваа милитантна група долго време беше критикувана од меѓународната заедница за користење на цивилите како жив штит – ставајќи ги во опасност невините луѓе за да ги заштитат своите борци. Токму Израел се очекува да започне нова интервенција во Газа по извршениот масакр на Хамас во неколку израелски населени места.

Инаку, Хамас ја презеде власта во Појасот Газа откако победи на изборите во 2006 година, пред да ја зајакне својата моќ во Газа следната година со соборување на ривалското движење Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Израелската војска преку Обединетите нации ги извести сите жители што живеат северно од Вади Газа дека треба да се преселат во следните 24 часа. Вади Газа е речна долина лоцирана околу центарот на Појасот Газа.

Би-би-си јавува дека на теренот конвои на Меѓународниот Црвен крст и персоналот на хуманитарната агенција на Обединетите нации се забележани како патуваат од градот Газа кон јужниот дел на територијата, што е знак дека можеби се подготвуваат за можна операција за евакуација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...