fbpx

Поранешен агент вработен во Штази обвинет за убиство во 1974 година

Обвинението доаѓа речиси 34 години по падот на Берлинскиот ѕид, кој ги делеше комунистичка Источна Германија и Западна Германија

-

Поранешен агент на комунистичката разузнавачка агенција на Источна Германија Штази е обвинет за убиство на полски државјанин на границата на поделениот Берлин во 1974 година. пишува германската новинска агенција ДПА.

Германското јавно обвинителство во Берлин соопшти дека поднеле обвинение за 79-годишен Германец, за кој се тврди дека пукал кон маж на граничен премин во поранешната Источна Германија со истрел во грбот од неговото скривалиште,

Обвинението доаѓа речиси 34 години по падот на Берлинскиот ѕид, кој ги делеше комунистичка Источна Германија и Западна Германија.

Според обвинителството, истрагата поминала со години без никаков напредок. Дури во 2016 година имало одлучувачки дојава од архивите на Штази.

Првично се претпоставувало за овој инцидент дека се работи за убиство од небрежност и во тој случај делото би било застарено.

Јавното обвинителство во Берлин сега го преиначи делото.

Инцидентот датира од 29 март 1974 година, кога се вели дека 38-годишен Полјак се обидел насилно да замине во Западен Берлин во полската амбасада.

Штази наводно му дала задача на тогаш 31-годишниот германски вработен да го направи Полјакот „безопасен“, рече јавниот обвинител.

Откако Полјакот го поминал последниот контролен пункт на берлинската железничка станица Фридрихштрасе, осомничениот наводно го застрелал полскиот државјанин во грб од скривалиште.

Судењето на поранешниот вработен во Штази треба да се одржи пред Регионалниот суд во Берлин.

Прво, сепак, советот мора да одлучи дали обвиненијата ќе бидат прифатени. Одлучувачки фактор ќе биде дали судот ќе ја следи аргументацијата на обвинителството и дали ќе пронајде доволно докази за убиството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи вчера вечерта, по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, а Битиќи побара тоа да го...