fbpx

Американско разузнавање: Во нападот на болницата во Газа загинале помеѓу 100 и 300 лица

Овие бројки се пониски од речиси 500-те смртни случаи за кои јавија здравствените власти во Хамас

-

Американската разузнавачка заедница проценува дека во нападот во болницата Ал Али-Араб во Газа најверојатно се убиени помеѓу 100 и 300 лица, пренесе Франс24.

Овие бројки се далеку пониски од речиси 500-те смртни случаи за кои првично јавија здравствените власти во Хамас.

„Сè уште ги проценуваме бројките за веројатните жртви и нашата проценка може да се развива, но оваа бројка на загинати сè уште одразува огромна загуба на животи. САД сериозно ја сфаќаат смртта на сите цивили и интензивно работат на решавање на хуманитарната криза во Газа“, пишувало во документот споделен со АФП.

Нападот се случи во вторникот, кога Министерството за здравство во Газа соопшти дека израелски воздушен напад ја погодил христијанската болница Али Араб во центарот на градот Газа. Официјални лица во Газа соопштија дека најмалку 471 лице загинале во експлозијата, а повеќе од 300 биле ранети.

Хамас го обвини Израел за нападот, додека израелската армија тврди дека станува збор за погрешно испукана ракета од друга палестинска милитантна група – Исламски џихад.

Според документот на американското разузнавање, „Израел најверојатно не ја бомбардирал болницата во Појасот Газа“.

Во документот, исто така, се вели дека имало „само лесни структурни оштетувања на болницата“ и дека „нема забележлива штета на главната болничка зграда“.

И портпаролот на израелската армија Џонатан Конрикус ги оспори бројките на министерството во Газа управувано од Хамас, прашувајќи „каде се сите тела?“.

Проценката на бројот на загинати на американското разузнавање е поголема од она на висок европски разузнавачки извор, кој за АФП изјавил дека верува оти се убиени најмногу 50 луѓе.

Појасот Газа е погоден од немилосрден налет на израелски напади како одмазда за нападот на милитантите на Хамас од 7 октомври, во кој Израел тврди дека загинале најмалку 1.400 луѓе – поголем дел од нив цивили.

Во израелските бомбардирања оттогаш загинаа најмалку 3.785 лица во Газа, според информациите на Министерството за здравство на Газа, контролирано од Хамас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...