fbpx

Израел ги засилува бомбардирањата врз Газа, Хамас тврди загинале 55 цивили

Хамас информираше дека над 30 домови биле уништени во израелските напади изминатава ноќ. Нападите доаѓаат откако портпаролот на израелската војска, Даниел Хагари соопшти дека ракетирањата од воздух врз Појасот Газа ќе се интензивираат пред претстојната копнена офанзива што планира да ја изврши израелската војска

-

Израел ги засили бомбардирањата врз Појасот Газа, при што израелската војска тврди дека убиле десетици терористи во нападите, додека Хамас возвраќа дека најмалку 55 цивили биле убиени во воздушните напади врз Газа во изминатава ноќ, пренесува Би-би-си.

Хамас информираше дека над 30 домови биле уништени во израелските напади изминатава ноќ. Нападите доаѓаат откако портпаролот на израелската војска, Даниел Хагари соопшти дека ракетирањата од воздух врз Појасот Газа ќе се интензивираат пред претстојната копнена офанзива што планира да ја изврши израелската војска.

Хагари соопшти дека воздушните напади врз Газа го намалуваат ризикот за израелските сили да бидат жртви на напади пред претстојната копнена офанзива на Израел. Тој ги повика палестинските цивили во Газа да се дислоцираат на југ од Појасот Газа поради нивна безбедност. Посебно предупредување Израел упати до оние цивили што живеат во самиот град Газа.

Израелската војска тврди дека воздушните напади изминатава ноќ убиле десетици терористи, како и командант на Хамас. Хамас е официјално впишана на листата на терористички организации од САД, Обединетото Кралство и многу други земји низ светот. Сепак, таа владее во Појасот Газа од 2007 година и е одговорна за злосторството врз израелското цивилно население на почетокот од октомври годинава, во кое загинаа стотици невини цивили од нивните напади во Израел.

Би-би-си јавува дека Израел извршил смртоносни напади и врз окупираниот Западен Брег, а последниот напад од изминатата ноќ е џамија во градот Џенин, кој израелската војска ја опишува како команден центар за терористи.

Хамас пак објави дека во нападите од изминатава ноќ врз Појасот Газа загинале 55 лица, а покрај Газа, нападнат бил и градот Рафа на границата со Египет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...