Две нови бесплатни игри на Epic Games: Eternal Treads и The Evil Within

Игрите можете да им побарате за симнување, но не мора веднаш да ги преземете

Skrinshot od platformata na Epic Games
Скриншот од платформата на Epic Games

За љубителите на гејмингот, Epig Games објави две нови бесплатни игри – Eternal Treads и The Evil Within. Игрите можете да им побарате за симнување, но не мора веднаш да ги преземете. Тие ќе ви стојат во вашата “библиотека” на игри од Epic Games и ќе може да ги играте кога сакате. 

*Трејлер од играта Eternal Treads

Играта Eternal Treads е занимлива, нејзиниот опис би го почнале од нејзиниот старт – почнува со пожар во дадена куќа, а вие сте еден вид истражувач на мултиверзумот и можностите. Во играта имате чекпоинти за последните седум дена пред пожарот со групата млади луѓе затекнати таму.

Играта нема некој динамичен гејмплеј, туку буквално се прави стискање на едно копче и прегледување на “спомени” со направа којашто прави холограми и скенира што како било на различни места во куќата. Буквално се стиска копче и се гледаат анимации, можете и вие да учествувате во исходот на случувањата. Но, оваа игра не е класичен хорор – всушност и нема хорор елемети. 

*Трејлер од играта The Evil Within

Кога сме кај хоророт, играта The Evil Within доаѓа со соодветни предупредувања што ги има и пред трејлерот. Ова е игра од Шинџи Микани – човекот што ја има направено Resident Evil и е класична хорор игра со преживување. И кога ќе се каже хорор, навистина се мисли на претерано гротескни и крвави сцени – чудовишта што излегуваат и ве изненадуваат со напади, тн. “Jump Scares”, кои полека ви се доближуваат за да се предизвика што поголем страв – како и преагресивни, речиси несопирливи зомбија и секакви абоминации.

Исто така, во играта има и загатки со стапици, но точките за снимање се поприлично раздалечени. Главниот лик, кој е детектив што оди да испита случај, е затекнат во овој “пекол”. Потребна е концентрација која ќе мора да ја тестирате “On the fly” и да ги “читате нивоата” и да барате знаци за излези, додека ве бркаат суштества од ноќни мори и бара брзи одлуки и уште побрзи рефлекси.

Во играта има пукање со револвер и шатган, како и самострел со изненадувачки многу опции за уништување непријатели. Иако оваа игра е веќе 10 години стара, сепак има драж како за хорор игра. Но, исто така има и голема репетитивност на ситуациите – што од друга страна служи подобро да го извежбате самото играње на играта и да станете подобри. Исто така, има вметнато и “зелен гел” со којшто се приклучувате на машина за вашиот мозок и така додавате таленти – за надградување на способностите со оружјата или за брзо трчање.

Играта Eternal Treads) во редовна продажба чини 18 евра, додека The Evil Within чини 20 евра, но сега имате шанса да ги добиете и двете игри бесплатно. Ако немате ќе мора да креирате акаунт на Epic Games и само да ги claim-увате игрите или во Browser или на платформата што се download-дира од главниот сајт на овој сервис.

Втората игра секако е поквалитетна, но и првата има интересен концепт – како за бесплатни игри и не се така лоши. Промоцијата трае до следниот четврток 26 октомври.