fbpx

На жителите на Појасот Газа дадена им е нова временска рамка за да можат да бегаат

Министерството за здравство во Појасот Газа утринава соопшти дека во израелските воздушни напади загинале повеќе од 2.300 Палестинци, а над 9.000 се ранети

-

Израел продолжува да одговара на нападите на Хамас кои започнаа на 7 октомври. Министерството за здравство во Појасот Газа утринава соопшти дека во израелските воздушни напади загинале повеќе од 2.300 Палестинци, а повеќе од 9.000 се ранети, соопшти Би-би-си.

Израелската војска денеска објави дека ќе им дозволи на жителите на Газа да се евакуираат на југ и дека стотици илјади веќе се преселиле, додека нејзините војници се подготвуваат за копнен напад врз Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас. Израел вети дека ќе ја уништи милитантната група Хамас која го изврши најстравотниот напад врз цивили во историјата на земјата.

Повеќе од 1.300 луѓе беа убиени во Израел минатиот викенд кога борците на Хамас ја преминаа границата за да нападнат цивили и војници. Повеќе од 3.300 луѓе, пак, беа ранети во првичните напади на Хамас и континуираниот ракетни истрели од Газа.

Насилството во Газа беше придружено со најсмртоносните судири на северната граница на Израел со Либан од 2006 година, што ги зголеми стравувањата од ширење на војната на друг фронт. Регионалниот непријател на Израел, Иран, кој го поддржува Хамас, негираше каква било вмешаност. Нејзината мисија на ОН вчера соопшти дека „доколку израелските воени злосторства и геноцидот не бидат веднаш запрени, ситуацијата би можела да излезе од контрола и да има далекусежни последици“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.