fbpx

Шведска не е прва земја по криминал во Европа

Шведска не е прва земја ниту по број на убиства, таа е на 72 место. Пред неа се Франција, Романија, Англија, Турција, Косово, Албанија и други земји

-

Според официјалното рангирање на криминалот во Европските земји, прва по криминал е Белорусија, потоа Франција, па Белгија, а Шведска е четврта на ранг листата. Не е точно дека во 2023 година се случиле 64 убиства и тоа 13 во последните две недели, а не е точно ниту дека во Шведска има безброј силувања и воени конфликти. Шведска не е прва земја ниту по број на убиства, таа е на 72 место. Пред неа се Франција, Романија, Англија, Турција, Косово, Албанија и други земји, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на Фејсбук, во која се тврди дека Шведска е земја број 1 по криминал. Притоа, следејќи го рускиот наратив, порастот на криминалот се поврзува со поддршката што Шведска ѝ ја дава на Украина.

Во објавата стои:

Шведска е новата дупка во Европа

Податоци за криминал во 2023 година во Шведска:

– 64 убиства (од кои 13 во последните 15 дена)

– 124 бомбашки напади (да, добро прочитавте)

– безброј силувања, физички напади, вооружени судири.

– населби каде полицијата не смее да стапне

Шведска во моментов е земја број 1 по криминал во Европа, и тоа неколку години по ред. Таа е преплавена од мафија, криминал и дрога, а до пред неколку години важеше за најмирна земја.

Најпрвин, не е точно дека Шведска е земја број 1 по криминал во Европа.

Според официјалното рангирање на криминалот во eвропските земји, прва по криминал е Белорусија, потоа Франција, па Белгија, а Шведска е четврта на ранг листата.

Понатаму, не е точно дека во 2023 година се случиле 64 убиства и тоа 13 во последните две недели.

Точно е дека септември годинава е најлошиот месец за смртни случаи од пукање во Шведска, со што месечниот вкупен број на убиства достигна 11. Во 2022 година, во Шведска имаше 391 престрелка, од кои 62 беа фатални, додека 45 лица беа убиени од истрели претходната година. Во 2022 година, според полициските податоци, во Шведска имало 90 експлозии и 101 случај на обиди за бомбашки напади или подготовки за бомбашки напади. До 15 август годинава се регистрирани 109 експлозии, а не 124 бомбашки напади.

Во текот на изминатите децении, бројот на пријавени злосторства во Шведска генерално се зголеми, што може да се објасни со неколку фактори: значително зголемување на шведската популација, што резултира со повеќе криминал и осудени криминалци, како и нова култура на пријавување на злосторства на властите. Во последните 10 години, вкупниот број на пријавени кривични дела незначително се зголеми од 2015 до 2020 година, но бројот на кривични дела на 100.000 жители остана релативно стабилен.

Шведска не е прва земја ниту по број на убиства, таа е на 72 место. Пред неа се Франција, Романија, Англија, Турција, Косово, Албанија и други земји.

Не е точно ниту дека во Шведска има безброј силувања и воени конфликти.

Во Шведска, вкупниот број на пријавени случаи на сексуални престапи се зголемил од 2012 до 2021 година, пред малку да падне во 2022 година. Голем број од нив беа случаи на сексуално вознемирување, проследено со силување. Посебно се зголемил бројот на пријавени случаи на силување во периодот, од 6.300 во 2012 година на 9.400 во 2022 година.

Од статистиката може да се види дека во 2022 се намалил бројот на силувања во Шведска, биле пријавени 13 622 , додека во 2021 биле пријавени 15 340 силувања.

Во текот на годините 2013-2017 година, Шведска просечно бележеше 64 пријавени силувања на 100.000 жители – стапка која беше врзана за највисоката во Европа. Меѓутоа, кога беа испитани податоците, стана јасно дека високите бројки во Шведска во голем дел беа поттикнати од пошироката дефиниција на Шведска за силување и поинклузивни правила за пријавување во споредба со другите европски земји. Кога во Шведска податоците беа повторно пресметани, користејќи ги потесните упатства на Германија, на пример, просечниот број пријавени за силување на 100.000 луѓе падна од 64 на 15, што е намалување од 76,56 отсто.

Пријавената статистика за силување во Шведска го вклучува секој инцидент во кој жртвата тврди дека била силувана, за разлика од земјите кои регистрираат пријавени силувања само откако истрагата ќе заврши и ќе утврди дека имало силување.

Англија и Велс  имаат највисока стапка на силување на сто илјади жители (62) таа година (2015), а потоа следат Шведска (56) и Исланд (54).

Зголемување на бројот на пријавени случаи беше забележано во 2006 година, откако во април 2005 година стапи на сила новото законодавство за сексуален прекршок. Оттогаш, Шведска го евидентира секој пријавен случај на сексуално насилство посебно.

Во однос на воените конфликти, според податоците од јули 2023 година Шведска е земја со ниско ниво насилни конфликти во светот.

Индексот на конфликти ACLED ја проценува секоја земја и територија во светот според четири индикатори – рокови, опасност за цивилите, географска дифузија и фрагментација на вооружените групи – врз основа на анализа на податоци за настаните од политичко насилство собрани за изминатата година.

Според овие параметри Шведска е високо рангирана земја во светски рамки по безбедност.

Според Глобалниот индекс на мир таа е на 26 то место во топ 100 најбезбедни земји во светот.

Во објавата што ја рецензираме како објаснување за „големиот пораст на криминалот“ се наведува:

Прво, неконтролираното ослободување на мигрантите и давањето азил на секакви терористи. Дополнувајќи како фактор за пораст на криминалот дека влијае и поддршката на Украина.

Не е точно дека Шведска дава азил на секакви терористи. Агенцијата за миграција во Шведска има законска процедура за азил, која опфаќа утврдување на идентитет, здравствена, финансиска состојба, причини за миграција итн. Потоа следат интервјуа и состаноци, а после и истрага која вклучува контакти со други влади. Процедурата не е брза и лесна.

Поддршката, пак, која Шведска ѝ ја дава на Украина нема допирни точки со криминалот во Шведска, како што објавата се обидува да прикаже.

Откако Русија започна целосна инвазија на Украина, Шведска обезбеди воена, хуманитарна и цивилна поддршка за поддршка на Украина. Од февруари 2022 година, Шведска придонесе повеќе од 25 милијарди SEK (околу 2,1 милијарди евра*) за различни иницијативи кои ја поддржуваат Украина (16 август 2023 година). Заедно со ЕУ, Шведска, исто така, усвои макроекономска поддршка и неколку пакети санкции против Русија.

Цела Европска Унија и САД ѝ даваат поддршка на Украина. Вкупно 41 земја, земјите-членки на ЕУ, другите членки на Г7, како и како Австралија, Јужна Кореја, Турција, Норвешка, Нов Зеланд, Швајцарија, Кина, Тајван, Индија и Исланд.

Поради изнесените факти оваа манипулативна објава ја оценуваме како невистинита.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...