Појасот Газа цел на израелски воздушни напади. Фото: Снимка од видео

Израелските воени сили со авиони, хеликоптери и дронови, како и со тенкови и артилериски орудија го бомбардираат и гаѓаат северот на Појасот Газа, но копнена инвазија, засега нема, јави РТС.

Новите воздушни напади се најголемата борбена активност во најновата ескалација меѓу Израел и палестинското радикално движење Хамас.

Во претходните напади во изминатите четири дена во Појасот Газа загинаа најмалку 119 лица, велат палестинските власти, јави Би-би-си.

Во Израел, пак има осум жртви. Иако Хамас и понатаму ракетира, голем дел од ракетите се уништуваат од одбранбениот систем „Железна купола“.