fbpx

Израел ги интензивираше нападите, комуникациите со Газа целосно отсечени

Вечерва израелската војска ги интензивираше воздушните напади врз Газа, додавајќи дека има намера да ги прошири копнените операции на ова подрачје

-

Израел вечерва ги интензивираше нападите врз Газа, додека светските медиуми и меѓународните организации објавуваат дека не можат да стапат во врска со нивните вработени на терен и дека комуникациите со Газа се целосно отсечени, пишува Би-би-си. Би-би-си, меѓународната хуманитарна организација Екшн Ејд и палестинскиот Црвен крст вечерва потврдија дека изгубиле контакт со нивниот персонал, додека Палестинската телекомуникациска компанија потврди дека интернетот и комуникациските врски со Газа се во целосен прекин.

Ваквиот развој на настаните доаѓа откако вечерва израелската војска непрекинато врши воздушни напади врз Газа, додавајќи дека има намера да ги прошири копнените операции на ова подрачје. Израел информираше дека ја напаѓа подземната инфраструктура што ја користат терористите, обвинувајќи го Хамас дека ја користи главната болница во Газа како врска со подземните тунели и командните центри.

Хамас негира дека ги користи болниците и пациентите во Газа како човечки штит за заштита од израелските воздушни напади. Сепак, од оваа терористичка група потврдија дека вечерва испалиле ракети од Појасот Газа кон израелските градови Сдерот, Ашкелон и Ашдод. Би-би-си потврди дека некои од ракетите го погодиле градот Ашкелон поради тоа што не биле пресретнати од израелската противвоздушна одбрана.

САД вечерва го повикаа Израел да дозволи прекин на воените дејствија за да може да се евакуираат заробениците надвор од Газа. Џон Кирби, портпаролот на Пентагон, вели дека прекинот на огнот е неопходен за доставување на помош за населението од Газа. Американските власти велат дека ќе продолжат да го поддржуваат Израел, вклучувајќи го и доставувањето на муниција. Сепак, Вашингтон го прашува Израел за целите и стратегијата на неговиот воен план против Хамас, прашувајќи како сето ова планираат да заврши.

Генералното собрание на Обединетите нации вечерва усвои резолуција за итно хуманитарно примирје во Газа и ги осуди сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили. Резолуцијата повикува на итна помош и заштита на цивилите. Оваа резолуција ја поддржаа 120 земји, 14 гласаа против, а 45 беа воздржани.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вечерва напиша дека сега е моментот на вистината и повика на примирје на Блискиот Исток, итно ослободување на сите заложници и доставување на помош за населението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...