fbpx

Бајден: Нападот на Хамас е најсмртоносен напад врз Евреите по Холокаустот

Палестинската територија е под опсада од саботата, со речиси постојано бомбардирање за кое здравствените власти во Газа изјавија дека се убиени повеќе од 1.000 луѓе

-

Повеќето од 2,3 милиони луѓе кои живеат во појасот Газа немаат струја и вода, а по стотиците израелски напади во саботата, тие немаат ниту каде да бегаат, пишува Ројтерс.

Палестинската територија е под опсада од саботата, со речиси постојано бомбардирање за кое здравствените власти во Газа изјавија дека се убиени повеќе од 1.000 луѓе. Овие напади се одмазда за разорниот напад врз Израел од страна на владејачката група Хамас во Газа, каде животот го загубија повеќе од 1.200 луѓе, според информациите на израелската војска.

Американскиот претседател Џо Бајден ги осуди нападите во саботата на Хамас врз Израел со тврдење дека станува збор за „најсмртоносниот ден за Евреите од холокаустот“.

Во тие напади загинаа најмалку 22 американски државјани.

Бајден им порача на еврејските лидери собрани во Белата куќа синоќа дека тоа е „кампања на чиста суровост, не само омраза, туку чиста суровост против еврејскиот народ“.

Нетанјаху рече дека екстремистите на Хамас врзувале момчиња и девојчиња, ги застрелале во глава, обезглавувале војници и силувале жени во нападите врз Израел и ветил дека Израел ќе ја „скрши и уништи“ организацијата. Тој се закани дека секој член на Хамас е „мртов човек“.

Хуманитарната канцеларија на Обединетите Нации соопшти дека 263.000 луѓе се раселени во Газа, од почетокот на бомбардирањето на Израел врз областа. Од таму информираат дека повеќе од 1.000 станови се уништени, а околу 560 се сериозно оштетени и непогодни за живеење.

Портпаролот на хуманитарната канцеларија на ОН, Стефан Дужариќ забележува и дека болниците се соочуваат со недостаток на медицински материјали.

Војната, според нивните проценки до сега однела повеќе од 2.200 животи од двете страни, а очекувањата се дека допрво ќе има ескалација на состојбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...