fbpx

Хуманитарна помош преку Египет ќе влезе во Газа, Израел не престанува со нападите

Израел не престанува со нападите врз Појасот Газа. Во најновите напади бил убиен шефот на военото крило на Комитетот за народен отпор, Рафат Абу Хилал

-

По вчерашната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Израел, Египет се согласи да го отвори граничниот премин Рафах за влез на хуманитарна помош за жителите на Појасот Газа, пренесува Би-би-си. Бајден во разговорот со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси договориле до 20 камиони со хуманитарна помош да влезат во Газа, а оваа пратка би се испорачала најверојатно до петок.

Американскиот претседател додаде дека станува збор за прва пратка со хуманитарна помош за жителите од Газа, од вкупно нешто над 150 камиони кои е планирано да бидат испорачани. Сепак, Бајден рече дека испораката на целокупната помош ќе зависи од развојот на ситуацијата на терен.

Израел не престанува со нападите врз Појасот Газа. Во најновите напади бил убиен шефот на военото крило на Комитетот за народен отпор, Рафат Абу Хилал. Комитетот за народен отпор е трета по големина вооружена фракција во Појасот Газа по хамас и Исламски Џихад.

За разлика од Израел, палестинската новинска агенција ВАФА информираше дека израелските сили убиле седум палестински жители во окупираниот Западен Брег, меѓу кои и четворица тинејџери. Со ова, бројот на убиени Палестинци во Западниот брег од 7 октомври се зголеми на 69 лица. Западниот брег е седиште на палестинските власти, во кои доминира ривалот на Хамас – Фатах предводен од палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Во меѓувреме, палестинските власти во Газа блиски до Хамас информираа дека вкупниот број на загинати лица во ракетниот напад врз болницата Ал Ахли изнесува 471 лице. Извршителот на ова злодело и понатаму не е познат, бидејќи израелската војска и палестинските власти на Хамас меѓусебно се обвинуваат за тоа кој ја истрелал ракетата кон болницата.

Британскиот премиер Риши Сунак денеска е во посета на Израел, еден ден откако во посета на оваа земја беше американскиот претседател Џо Бајден. Сунак рече дека секоја смртта на секој цивил е трагедија, додавајќи дека премногу животи се изгубени по ужасниот чин на терор на Хамас.

„Нападот на болницата Ал Ахли треба да биде пресуден момент за лидерите во регионот и ширум светот да се здружат за да избегнат понатамошна опасна ескалација на конфликтот. Ќе се погрижам Обединетото Кралство да биде во првите редови на овој напор“, изјави британскиот премиер Сунак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...