fbpx

Израел најави продолжување на тешката воена операција во Газа, Бајден повика на заштита на цивилите

Портпаротлот на Израелските одбранбени сили изјави дека ги прошируваат своите копнени операции во јужниот и северниот дел на Појасот Газа

-

Израелската војска најави дека ќе ја продолжи операцијата во Газа, но ја нарече истата „долготрајна“ и „тешка“.

Портпаролот на Израелските одбранбени сили изјави дека ги прошируваат своите копнени операции во јужниот и северниот дел на Појасот Газа, пренесува Би-би-си.

Израел објави дека уште девет нејзини војници биле убиени во борбите во Газа, со што вкупниот број достигна 154. Земјата соопшти оти 700 палестински милитанти се уапсени откако ја започна својата воена операција и инвазија на Газа со цел да го елиминира Хамас.

Хамас, пак, тврди дека Израелците убиваат главно жени и деца. Израел претходно нагласи дека презема чекори за да избегне цивилни жртви и го обвини Хамас дека се концентрира во густонаселените области.

Инаку, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Џо Бајден имале телефонски разговор за операцијата на Израел во Газа.

Како што соопштија од Белата куќа, Бајден ја истакнал „критичната потреба да се заштити цивилното население, вклучително и оние кои ја поддржуваат операцијата за хуманитарна помош и важноста да се дозволи цивилите безбедно да се движат подалеку од областите на тековните борби“.

Според канцеларијата на Нетанјаху, пак, израелскиот премиер „јасно ставил до знаење дека Израел ќе ја продолжи војната додека не се исполнат целосно сите нејзини цели“, јавува Гардијан.

Нетанјаху изразил благодарност кон САД за нивниот став во Советот за безбедност во ОН.

Во петокот, Советот за безбедност на ОН усвои ублажена резолуција која повикува на итно забрзување на испораката на помош за очајните цивили во Газа, но не и на прекин на огнот.

Израел ја започна својата одмаздничка операција откако борците на Хамас преминаа од Газа во јужен Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе и земајќи 240 заложници. Оттогаш во Газа се убиени повеќе од 20.000 луѓе, а 53.000 се повредени, според Министерството за здравство контролирано од Хамас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...