fbpx

Израел ја откажа посетата на САД и го повлече преговарачкиот тим од Катар

Израел го повлече својот преговарачки тим од Доха. Кабинетот на Нетанјаху преку соопштение рече дека „Израел нема да отстапи пред заблудните барања на Хамас“

-

Израел ја откажа посетата на Вашингтон на која требаше да се разговара за планираната офанзива на јужниот град Рафа во Газа, на што САД се противат, јави Гардијан. Посетата беше откажана по гласањето на Советот за безбедност на ОН за резолуцијата за прекин на огнот.

САД се воздржаа од гласање, со што овозможија резолуцијата да помине. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги обвини САД дека се повлекле од „принципиелната позиција“ со тоа што дозволиле гласањето да помине без да го условат прекинот на огнот со ослободување на заложниците што ги држи Хамас.

Хамас ја поздрави резолуцијата и рече дека е подготвен за итна размена на затвореници со Израел, што ги зголемува надежите за пробив во преговорите што се одржуваат во Доха, Катар, каде шефовите на разузнавачките служби и други претставници од САД, Египет и Катар се обидуваат да постигнат договор за ослободување на заложници и примирје што првично ќе трае шест недели.

Израел го повлече својот преговарачки тим од Доха. Кабинетот на Нетанјаху преку соопштение рече дека „Израел нема да отстапи пред заблудните барања на Хамас“. Се вели дека позицијата на Хамас е „јасен доказ оти не се заинтересирани за продолжување на разговорите и тажен доказ за штетата предизвикана од резолуцијата на Советот за безбедност на ОН“.

Хамас вчеравечер објави соопштение во кое ја отфрли најновата понуда за договор, велејќи дека Израел не одговара на основните барања за „сеопфатен прекин на огнот, повлекување од Појасот, враќање на раселените луѓе и вистинска размена на затвореници“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...