fbpx

Се изгласа резолуција за итно примирје во Газа во ОН, САД воздржани

Во петокот Русија и Кина поставија вето на резолуција напишана од САД, а САД претходно имаше поставено вето четирипати

-

Во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) се изгласа резолуција за итно примирје во Газа, пренесува Би-би-си. Во резолуцијата се бара Хамас веднаш да ги ослободи заложниците кои ги заробија за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври.

Русија и Кина во петокот поставија вето на резолуција напишана од САД. Руски претставник во ОН изјави оти таа резолуција, наводно, не била доволно строга во своите барања за да се спасат палестински животи.

Резолуцијата е напишана од избраните членови на Советот за безбедност (односно не од големите пет земји кои имаат право на вето), кои соработувале со САД изминатиот викенд при пишувањето на нивната резолуција. Таа беше ставена за гласање од претставникот на Мозамбик во Советот за безбедност.

Во резолуцијата се бара привремено примирје до крајот на Рамазан, односно уште две недели, но се истакнува дека тоа примирје треба да доведе до „долготрајно издржливо примирје“, пренесува Гардијан. Не се изгласа амандманот на Русија во кој се бараше „трајно примирје“.

САД велат оти не гласале за резолуцијата бидејќи сметале дека истата недоволно јасно и недвосмислено го осудува Хамас. Во последните пет месеци, САД четири пати ставија вето на резолуции кои бараа прекин на огнот во Газа.

Сепак, тоа што САД не ставија вето овој пат укажува на континуираниот раздор меѓу Израел и САД, кои последните недели построго го критикуваат Израел, особено во однос на протокот на хуманитарна помош во Газа и намерата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да започне копнена офанзива во Рафах, градот во Газа кој е дом на преку 1,5 раселени Палестинци.

Пред изгласувањето на резолуцијата, Нетанјаху најави оти би ја откажал посетата на израелска делегација во Вашингтон доколку САД не постават вето. Лидерот на опозицијата во Израел, Јаир Лапид изјави дека заканата на премиерот е „алармантно неодговорна“.

По изгласувањето на резолуцијата, израелските медиуми известија оти Нетанјаху ја откажал посетата, иако од Белата Куќа велат дека не добиле потврда за откажувањето на истата.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави оти би било „непростлив неуспех“ да не се имплементира резолуцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...