Контроверзии околу Dragon’s Dogma 2: Скриени микротрансакции, моќна машина и видеа наместо анимации

Главната причината што играта на Steam има многу негативни критики се парите. Играта чини 65 евра за стандардното или 75 евра за делукс изданието, но потоа се додаваат уште околу 42 евра за микротрансакции

Dragon's Dogma 2 Screenshot from the main site of the game dragonsdogma.com
Принтскрин од вебсајтот на Dragon's Dogma 2 dragonsdogma.com

Dragon’s Dogma 2 која беше неодамна објавена е навистина добра игра, но сепак околу неа се шират доста контроверзии поради микротрансакциите, потоа тоа што бара многу моќна машина за да може да се игра и вметнувањето на филмувани материјали -за кои не е наведено дека не се анимација.

Главната причината што играта на Steam има многу негативни критики се парите. Играта

Листата на микротансакциите на Стим за Dragon’s Dogma 2

чини 65 евра за стандардното или 75 евра за делукс изданието, но потоа се додаваат уште околу 42 евра за микротрансакции. Некои и се повторливи и намети да се купуваат повеќе пати како на пример менување на изгледот на вашиот лик во играта, телепортирање во оддалечени зони и ред други работи што беа бесплатни во првиот дел од играта.

 

Друг аспект што е иновација во играта е што се користат филмувани материјали наместо анимации. Дополнително, тоа што бара силен компјутер спречи многу играчи ширум светот да ја играат оваа игра.

 

Интересен факт е што во Јапонија имало MMORPG игра наречена Dragon’s Dogma Online што не била достапна за другите делови на светот но и таа игра сега не е ажурирана.

Најдобрата карактериска на Dragon’s Dogma 2 е што може да се качувате по телото на главните и да им таргетирате ранливи места. Нешто што сè уште го немаат многу RPG игри. Секако и графиката е подобра од првиот дел и реакциите на различни удари со голем и егзактен “hit box” домет и можности каде можете да удрите на противник.

Иако има приказна и коментарите на вашите придружници се паметно напишани, сепак играта е без даден конкретен правец што и каде да се прави и тој аспект го дели и со Елден Ринг. Да се надеваме дека ќе биде подобро оптимизирана во иднина.