fbpx

Столтенберг: Војната во Газа не смее да ја ослабне поддршката за Украина

Нема знаци дека Русија планира мир, напротив, планираат уште војна, рече Столтенберг

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека војната на Блискиот Исток не смее да ја ослабне поддршката за Украина и ја нагласи потребата да ѝ се обезбеди повеќе оружје на земјата во борбата против Русија.

Нема знаци дека Русија планира мир, напротив, планираат уште војна, рече Столтенберг на 75-от Нордиски совет во Осло, Норвешка, а пренесе Укринформ.

„Војната во Газа не смее да доведе до слабеење на нашата волја и способност да ја поддржиме Украина. Се ближи нова зима и мора да очекуваме нови напади против енергетските резерви и друга критична инфраструктура… Затоа, ние мора да продолжиме да ја поддржуваме Украина. Тоа значи повеќе оружје“, рече генералниот секретар на НАТО.

Според Столтенберг, рускиот претседател Путин може уште денеска да ја запре војната со тоа што ќе престане да го напаѓа својот сосед, а оти Украина нема таква опција.

„Ако Украина престане да се брани, ќе биде окупирана. А окупацијата не е мир“, порача Столтенберг.

Тој ја нарече целосната инвазија на Русија врз Украина, пораз за Кремљ.

„Русија загуби. Загуби десетици илјади војници. Изгуби големи количини воен материјал. И го изгуби политичкото влијание и е сè поизолирана“, рече Столтенберг, додавајќи дека колку е посилна Украина на бојното поле, толку посилна ќе биде и на преговарачката маса.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...