Нов повик за сместување во студентски домови, останати се уште слободни места

Новиот конкурс трае до 10 ноември, а заинтересираните студенти може да аплицираат преку порталот „е-услуги“ на МОН

Студентски дом „Кочо Рацин“ - Битола / фото: Мета.мк

Министерството за образование и наука (МОН) денеска објави нов повик за сместување на студенти во државните и приватните студентски домови.

Новиот конкурс трае до 10 ноември, а заинтересираните студенти може да аплицираат преку порталот „е-услуги“ на МОН.

Според конкурсот, во Скопје, слободни места се останати само во ДСД „Томе Стефановски-Сениќ“. Слободни легла има и во битолскиот студентски дом „Кочо Рацин“, во ДСД „Орде Чопела“ во Прилеп, ДСД „Никола Карев“ – Охрид, новоотворениот ДСД Тетово, штипскиот ПСД „Логос“ и тетовскиот ПСД УЈИЕ.

Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на овој линк.