СЗО: Болницата Ал-Шифа во Газа е „зона на смртта“

По наредбите за евакуација издадени од израелската армија, 300 критично болни пациенти остануваат во Ал-Шифа – порано најголемата и најнапредна болница во Газа

-

По посетата на болницата Ал-Шифа во градот Газа, Светската здравствена организација (СЗО) го опиша комплексот како „зона на смртта“.

Заеднички тим на Обединетите нации предводен од СЗО ја проценуваше болницата еден час, по нејзината окупација и евакуација од страна на израелската војска, пренесува Би-би-си.

Тимот рече дека видел докази за гранатирање и пукање, како и масовна гробница на влезот од болницата. Им било кажано оти во неа се наоѓаат посмртните останки на 80 луѓе.

По наредбите за евакуација издадени од израелската армија, 300 критично болни пациенти остануваат во Ал-Шифа – порано најголемата и најнапредна болница во Газа.

СЗО соопшти дека се обидува да организира итна евакуација на преостанатите пациенти и персонал во други објекти во Газа, а ги повтори и повиците за прекин на огнот.

Во меѓувреме, Белата куќа одговори на извештајот на „Вашингтон пост“ во кој се вели оти Израел, Хамас и САД се на раб на договор со кој жените и децата-заложници на Хамас од 7 октомври ќе бидат ослободени во замена за петдневна пауза во борбите.

Портпаролот на Белата куќа рече дека сè уште не е постигнат таков договор, но се работи напорно за да се постигне.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху ја отфрли можноста за целосен прекин на огнот со Хамас и рече дека ќе размисли само за привремено примирје во замена за враќање на заложниците киднапирани од групата.

Израелските одбранбени сили велат дека ги прошируваат операциите во Газа, вклучително и во Џабалија, а за цел го имаат Хамас. Тие им порачаа на Палестинците во северниот дел на Газа да заминат поради сопствената безбедност, а повици да заминат упатуваат и до луѓето во јужниот град Кан Јунис, каде што се наоѓаат илјадници луѓе кои претходно побегнаа од северните делови на Газа.

Израел вели оти целта е да се уништи Хамас, по неговиот напад врз Израел на 7 октомври во кој беа убиени 1.200 луѓе, а повеќе од 240 беа земени како заложници.

Министерството за здравство со кое раководи Хамас соопшти оти бројот на загинати во Газа достигнал 12.300. Се стравува дека повеќе од 2.000 лица се затрупани под урнатините.

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од Мелони, се...

(ВИДЕО) Автомобил удри студентка на блокадите во Белград, возачот е осомничен за тешко убиство во обид

Дваесетгодишна девојка добила тешки повреди откако во неа удрил автомобил за време на студентските блокади на улицата „Рузвелтова“ во Белград, Србија, објави Н1, повикувајќи се на извори од белградската служба за...

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детската клиника, било донесено во тешка здравствена состојба

Од детската клиника во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во...

Компанијата Нинтендо ја најави конзолата „Switch 2“ која ќе пристигне оваа година

Денот конечно пристигна, бидејќи Nintendo официјално го најави излегувањето на Nintendo Switch 2, најлошо чуваната тајна во видео игрите, пренесува Инсајдер Гејминг. Во кратко двоиминутно видео на интернет, Nintendo потврди целосен дизајн...

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од...