Во сообраќајни несреќи на македонските патишта годинава до август починале 85 лица

До август, бројот на загинати во сообраќајни незгоди на македонските патишта годинава изнесува 85, додека бројот на повредени е 2.805 – значително помалку во споредба со последните четири години, но далеку од „нула“

-

Во светот годишно околу 1,35 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони лица се здобиваат со повреди. Во Северна Македонија, минатата година 124 лица го загубиле животот во сообраќајна несреќа, додека 3.834 биле повредени, информираше Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) по повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи.

Овој ден се одбележува од 1993 година, а во 2005 година ОН го прогласи за светски ден кој се одбележува секогаш во денот недела од третата седмица во ноември.

Според податоците за 2023 година, од РСБСП велат дека до август бројот на загинати во сообраќајни незгоди на македонските патишта изнесува 85, додека бројот на повредени е 2.805 – што е значително помалку во споредба со последните четири години.

„Сепак, според светската визија за нула жртви во сообраќајот, сите заеднички треба да преземаме суштински активности за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата“, велат од Советот.

Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди е ден кога релевантни институции и организации од целиот свет се ангажираат за да се потсети јавноста на милионите лица кои загинале или биле повредени во сообраќајни незгоди, да им се даде помен на истите, но и за да се подигне свеста кај учесниците во сообраќајот за последиците од сообраќајните незгоди со цел да се намали бројот на загинати и повредени.

„Овој ден е посветен и на членовите на семејствата на загинатите и повредените во сообраќајни незгоди, како и на сите оние кои се соочуваат со физички или психички последици од сообраќајни незгоди, а признание им се оддава и на службите за итна медицинска помош, противпожарните единици и сиот медицински персонал, но и на сите општествени чинители кои пружаат помош на повредените и на семејствата на загинатите и повредените лица“, велат од РСБСП.

Од таму апелираат возачите на возат одговорно и безбедно и да го дадат својот придонес за намалување на сообраќајните незгоди.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...