fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Интензивираната комуникација Атина – Скопје нема да прекине поради грчката криза

Независно од внатрешните политички превирања, грчкото министерство за надворешни работи планира да продолжи со интензивираната активна политика на соработка со Македонија во насока на подобрување на односите и решавање на спорот за името. Според информациите од дипломатски кругови во Грција, во грчкото МНР се размислува дека треба да се продолжат активностите околу спорот за името и покрај политичката неизвесност што владее...

Средба на претседателот Иванов со амбасадорот на Иран во земјава

Претседателот Ѓoрге Иванов денеска остварил средба со амбасадорот на Исламска Република Иран во земјава, Саид Садег Мохамади, соопштија од кабинетот на Иванов. Како што информираат оттаму, на средбата Иванов го поздравил постигнатиот договор на Иран со петте постојани членки на Советот за безбедноста на Обединетите нации (ОН) и со Германија за иранската нуклеарна програма, оценувајќи го „како историски позитивен чекор‎...

Лајчак: Не можете да бидете сигурни дека ќе се примени Договорот од Пржино

Словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, во интервју за „Мета“ оцени дека не постојат гаранции дека Договорот од Пржино ќе биде имплементиран и додаде дека неговото неспроведување ќе значи коцкање со европската перспектива на граѓаните. Кои се механизмите за гаранција дека договорот од Пржино ќе биде спроведен и почитуван? - Не можете да бидете сигурни дека договорот ќе биде имплементиран. Страните кои...

ЕУ експедитивно ќе ги враќа назад македонските и балканските баратели на азил

Министрите за внатрешни работи на ЕУ вчера подготвија предлог со кој барателите на азил од Западен Балкан ќе можат брзо да се вратат назад во земјите од кои доаѓаат, јавува порталот „ЕУ обзервер“. Предлогот е дел од поголем план, на ниво на ЕУ за создавање листа на безбедни земји. Австрија, Белгија, Велика Британија, Германија, Ирска, Луксембург, Малта и Франција веќе...

Хан: Македонија има прецизен патоказ до изборите, потоа на ред е името

Македонија има прецизен патоказ што треба во следните месеци до изборите да се случува, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска пред средбата на шефовите на дипломатија на ЕУ во Брисел. - Дотогаш треба да бидат расчистени некои работи, да се имплементира договореното, а властите во поранешната југословенска република треба да ја повратат довербата. Тоа е примарна...

Македонија и Договорот од Пржино денеска на бриселската агенда

Македонија и политичкиот договор од Пржино денеска во Брисел ќе биде тема на редовниот совет на министри на шефовите на дипломатија на ЕУ. Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, ќе поднесе извештај за Договорот до високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, а истиот ќе го презентира и пред министрите за надворешни работи. Доцна...

Груевски пристигна на средба со Хан и со европратеничката тројка

Премиерот Никола Груевски, придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров, пристигна во резиденцијата на Европската унија на средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, и со европратеничката тројка, Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит. Претходно во резиденцијата на ЕУ средба со Хан имаше и лидерот на СДСМ, Зоран...

Хан: Клучен момент за решавање на кризата во Македонија

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, оцени дека ова е клучен момент за решавање на политичката криза во Македонија. Тој на својот твитер-профил напиша: „На пат кон поранешна југословенска Република Македонија. Клучен момент за лидерите да се согласат за излез од политичката криза“. "On my way to former Yugoslav Republic of #Macedonia: #Crucial #moment for leaders to agree...

Попоски и Нуланд разговараа за билатералните односи и за политичката криза

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска се сретна со помошничката на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд, која престојува во работна посета на нашата земја. Попоски и Нуланд, како што се наведува во соопштението од МНР, изразиле задоволство од досегашниот развој на односите меѓу двете пријателски држави, втемелени на...

Јолевски: Целта на Македонија е да биде полноправна членка на НАТО

Македонија е подготвена да го заземе своето заслужено место како полноправна членка на НАТО, истакна министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на денешната средба во Министерството, со заменик-помошникот секретар за одбрана на САД, Евелин Фаркаш, која престојува во посета на нашата држава. Јолевски истакнал дека стратегиските цели на Македонија и понатаму останува да бидат членство во НАТО и во Европската унија. -...

Нуланд ќе се обиде да ги заживее преговорите

Помошничката на американскиот државен секретар за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, денеска во Скопје ќе има одвоени средби со политичките лидери и со премиерот Никола Груевски. Посетата на Нуланд доаѓа откако лидерот на опозицијата, Зоран Заев, изјави дека преговорите што се водеа под посредништво на ЕУ и на САД се неуспешни. Лидерот на опозицијата го обвини Груевски дека ги избегнува...

Царина негира: Не набавуваме опрема за прислушување

Царинската управа на Република Македонија денеска демантира дека набавува опрема за прислушување. „Во врска со информациите за наводно набавување опрема за прислушување, односно за спроведување посебни истражни мерки, изнесени во некои од медиумите, Царинската управа на Република Македонија информира дека во моментов не се набавува опрема за прислушување ниту, пак, е предвидена набавка на таква опрема со плановите за наредните...

Почнува четириесет и втората Галичка свадба

Во Галичник денеска почнува 42. Галичка свадба, која е белег на Галичкото културно лето. Младенци на годинешната Галичка свадба, која обединува повеќе од 30 свадбени обичаи од мијачкиот регион, се Билјана Геговска, која потекнува од старо галичко семејство, и Филип Белчев. Во рамки на годинешното Галичко лето ќе се одржат книжевна и ликовна колонија.

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево со локална облачност во планинските предели. Во текот на денот ќе дува умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се движи од 13 до 21 Целзиусов степен, а максималната од 28 до 34 степени. Во Скопје и во околината се очекува исто време со температура 30 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Повеќе од 1.000 мигранти дневно поминуваат низ Македонија

Повеќе од 1.000 илегални мигранти за едно деноноќие влегле во Македонија, од ден во ден се зголемува притисокот на јужната граница, а напливот на бегалци од земјите на Блискиот Исток и од Африка е сè поголем. Грчката полиција нема соодветно обезбедување на јужната граница, па оттука и оправданоста што македонската полиција има засилена контролата на границата. Главно, илегалните мигранти ја користат...

Фудбалер од Академијата „Пандев“ потпиша договор со Интер

Јане Атанасов, фудбалер од Академијата „Пандев“, го направи првиот трансфер и од јануари се сели во Интер. Деновиве и официјално е потпишан договорот мегу академијата и италијанскиот калчолигаш. Јане Атансов има 15 години и е дел од кадетскиот и од младинскиот состав на академијата. Веста за трансферот ја потврди и Горан Пандев, според кого трансферот ќе се реализира во откомври откако Јане ќе...

Стејт департмент: Владата не го почитува владеењето на правото, независноста на медиумите и се меша во судството

„Во Македонија, најголем дел од проблемите со човековите права произлегуваат од значитечните нивоа на корупција и од неуспехот на Владата целосно да го почитува владеењето на правото, ограничувањето на слободата на медиумите, мешањето во судството и селективните истраги“, се наведува во редовниот годишен извештај на Стејт департментот на Соединетите Американски Држави (САД), за состојбата со човековите права во светот. Мешањето...

Коѕиас утре во Скопје на средби со целиот државен врв и со опозицијата

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, утре доаѓа во Скопје. Коѕиас ќе допатува во Скопје од Брисел, каде вчера и денеска учествува на Советот за општи и надворешни работи на ЕУ, на кој се разговара и за Македонија. Коѕиас ќе се сретне со целиот државен врв, но и со опозицијата, а главни теми се очекува да бидат мерките за градење...

„Фридом хаус“: Македонија и понатаму во групата „преодни влади или хибридни режими“

„Преодни влади или хибридни режими“ и понатаму е групата во која останува Македонија во последниот извештај на „Фридом хаус“, со наслов „Држави во транзиција“. Македонија беше деградирана на ова ниво во минатиот извештај на „Фридом хаус“. Во најновиот се наведува дека Македонија продолжува да забележува пад, особено во категориите: изборен процес и граѓанско општество. Од седум земји на Балканот, четири...

Кризата во Македонија в понеделник на Советот за надворешни работи на ЕУ

Политичката ситуација во Македонија ќе биде една од темите на која в понеделник во Луксембург ќе дискутира Советот за надворешни работи на Европската унија. „Во април 2015 година, Советот изрази сериозна загриженост во врска со влошувањето на ситуацијата во земјата, особено во областа на владеењето на правото, основните права и слободата на медиумите. Советот ги повика сите страни да ја преземат одговорноста и...

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека...