Кризата во Македонија в понеделник на Советот за надворешни работи на ЕУ

-

Политичката ситуација во Македонија ќе биде една од темите на која в понеделник во Луксембург ќе дискутира Советот за надворешни работи на Европската унија.

„Во април 2015 година, Советот изрази сериозна загриженост во врска со влошувањето на ситуацијата во земјата, особено во областа на владеењето на правото, основните права и слободата на медиумите. Советот ги повика сите страни да ја преземат одговорноста и да преземат итни мерки за постигнување одржливо решение, конструктивно да се вклучат во рестартирањето на политичкиот дијалог и во враќање на довербата во институциите. Комесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, го посети Скопје на 2 јуни и се сретна со лидерите на главните политички партии за изнаоѓање решение за тековната политичка криза во земјата. Беше постигнат договор за повеќе прашања, вклучувајќи ја и посветеноста кон спроведување на реформите. Разговорите продолжија во Брисел на 10 јуни, но конечен договор сè уште не е постигнат. Европската унија продолжува со повиците до сите страни – во интерес на нивната земја и на нејзините граѓани – да најдат одржлив политички компромис без одложување и да излезат со конкретни предлози, базирани на договорот од 2 јуни“, стои во најавата на агендата за средбите в понеделник во Луксембург, објавена на интернет – страницата на Советот на ЕУ, во која се додава дека Комисијата останува подготвена да посредува како олеснувач во дискусиите.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос, во интервју...

Министерот Тошковски се сретна со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба меѓу министерот Панче Тошковски и семејствата настраданите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година кога...

По протестот на семејствата на жртвите од Кочани, обвинителството со отворен повик до јавноста

Еден и пол месец по трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во која загнаа 62 главно млади лица, и по средбата со семејствата на загинатите на денешниот протестен марш во...

„Системот убива, институциите молчат“ – протестен марш на семејствата на жртвите од Кочани

Со транспаренти на кои пишуваше „Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, „Селективна одговорност е неодговорност, бараме правда!“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“ и „Системот убива, институциите молчат“,...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос,...