fbpx

Попоски и Нуланд разговараа за билатералните односи и за политичката криза

-

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска се сретна со помошничката на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд, која престојува во работна посета на нашата земја.

Попоски и Нуланд, како што се наведува во соопштението од МНР, изразиле задоволство од досегашниот развој на односите меѓу двете пријателски држави, втемелени на Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка, како и заемно истакнатиот интерес за нивно натамошно унапредување во сите области од заемен интерес.
На средбата, исто така, се разговарало за стратегиската определба на Република Македонија за што е можно поскоро зачленување во НАТО и за почнување на преговорите за пристапување во Европската унија, за што Соединетите Држави даваат недвосмислена поддршка.

– Во светло на наредниот самит на Алијансата во Варшава идната година, исполнетоста на критериумите за членство и за учеството на припадниците на АРМ во рамките на повеќе мировни мисии, ни даваат полно право да инсистираме на надминување на сите пречки за нашето зачленување. Република Македонија е посветена на почитување на демократските принципи и на меѓународното право. Истото го очекуваме и од сите наши партнери – рече Попоски.

Попоски и Нуланд размениле мислења и за актуелните внатрешно-политички состојби и предизвици во Република Македонија.

– Поскоро надминување на политичката криза е интерес на македонските граѓани и на економијата – рече Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...