fbpx

Тачи ѝ соопшти на Нуланд: Споровите меѓу македонските партии се виртуелни

-

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, на средбата со помошничката на државниот секретар на Стејт департментот за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, истакнал дека споровите меѓу македонските партии се виртуелни и дека вистинските проблеми на Македонија се прашањето за името, меѓуетничките односи, односно правата на Албанците, функционирањето на институциите, како и фер и пропорционална распределба на буџетот, а без решение на прашањето на името и на меѓуетничките односи, целиот овој процес нема никаква смисла.

На средбата Тачи повторил дека ДПА во овој пакет на реформи бара да бидат вклучуени и целосната употреба на албанскиот јазик во Собранието, двојно гласање за одобрување на буџетот, како и другите точки од политичката платформа.

„Говорејќи во врска со разговорите, претседателот Тачи рече дека ДПА во овој процес покажа целосна подготвеност за спроведување на структурните реформи, кои произлегуваат од договорот на 2 јуни и препораките на ЕК, кои вклучуваат имплементација на препораките на извештајот на Прибе, барајќи во овој пакет на реформи да бидат вклучуени и барањата на ДПА“, се вели во соопштението од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.