fbpx

Груевски пристигна на средба со Хан и со европратеничката тројка

-

Премиерот Никола Груевски, придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров, пристигна во резиденцијата на Европската унија на средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, и со европратеничката тројка, Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит.

Претходно во резиденцијата на ЕУ средба со Хан имаше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој дојде во придружба на Радмила Шекеринска и на Рената Тренеска-Дескоска.

Хан утринава имаше средба со лидерите на албанските политички партии, Али Ахмети на ДУИ и Мендух Тачи на ДПА.

По средбата со Хан, Ахмети изјави дека постои готовност за решавање на политичката криза и оти време е во преден план да се стават државните, а не партиските интереси.

По средбата со Груевски, во зависност од текот на разговорите, можно е да се одржи лидерска средба. Во текот на денот е најавена и прес-конференција на Хан, на која ќе бидат соопштени постигнатите резултати од разговорите и дали на повидок е решавање на политичката криза.

Денешните преговори се обид да се излезе од ќор-сокакот, откако власта и опозицијата не успеаја да ги испеглаат разликите за договорот од 2 јуни, со кој се предвидуваат измени на изборниот законик, прочистување на избирачките списоци, враќање на опозицијата во Собранието, запирање на објавувањето „бомби“ и формирање транзициска влада, која во април следната година ќе ги спроведе изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...