fbpx

„Фридом хаус“: Македонија и понатаму во групата „преодни влади или хибридни режими“

-

„Преодни влади или хибридни режими“ и понатаму е групата во која останува Македонија во последниот извештај на „Фридом хаус“, со наслов „Држави во транзиција“.

Македонија беше деградирана на ова ниво во минатиот извештај на „Фридом хаус“. Во најновиот се наведува дека Македонија продолжува да забележува пад, особено во категориите: изборен процес и граѓанско општество. Од седум земји на Балканот, четири забележаа пад, главно поради ситуацијата во медиумите и во судството. Освен Македонија, меѓу нив се Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Владините реформи и чекорите за борба против корупцијата ѝ донесоа напредок на Албанија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...