fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Полицијата ја отвори границата – 4.000 мигранти ја преплавија Гевгелија

Неколку часа откако мигрантите на неколку наврати го пробија полицискиот кордон и насилно влегоа во Македонија, речиси сите останати мигрантри кои беа заглавени во безграничната зона со Грција се пуштени во земјава, јавуваат активистите за човекови права и светските агенции. Зад оградата, во делот меѓу двете земји се останати само уште околу 200 лица. Според информациите од теренот, околу 4.000...

Мигрантите го пробија кордонот – полицијата возврати со шок-бомби

Група мигранти попладнево го пробиле кордонот на војската и полицијата на одредени места на македонско-грчката граница и сега се движат кон железничката страница во Гевгелија, јавува РТС. Репортерот на РТС јавува дека полицијата возвраќа со шок-бомби, а мигрантите на секои десеттина минути го пробиваат кордонот на местата каде има помалку полиција и војска. Во МВР засега немаат информации за нови инциденти...

Попоски: Македонија е толку витална колку што е витален македонскиот јазик

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска одржа предавање на Летниот камп „Ја сакам Македонија“. Кампот традиционално, годинава по четврти пат, се одржува во Охрид, во организација на Министерството за надворешни работи и е наменет за деца кои го изучуваат македонскиот јазик и култура, а се по потекло од блиското соседството и од подалечната дијаспора. -...

Хјуман рајтс воч: Македонија да го сопре полициското насилство врз мигрантите

Македонските власти треба да обезбедат итен прекин на полициско насилство врз мигрантите на јужната граница на земјата со Грција, соопшти денеска „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ). Организацијата ги повика македонските властите да го испитаат вчерашното користење шок-бомби, солзавец и гумени куршуми, еден ден по прогласувањето вонредна состојба и затворањето на граница. Од ХРВ исто така бараат лицата кои се одговорни...

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг „ББ+“ на Македонија

Кредитниот рејтинг на Република Македонија и годинава, по 10 пат по ред останува „ББ+“, соопшти кредитната агенција „Фуч“. При пресметката на кредитниот рејтинг, „Фич“ ги зема предвид растот на бруто домашниот производ и општествениот развој на земјава. Според „Фич“, бизнис климата во земјата е поволна и ја вбројува во 30 најдобрите економии во светот за водење бизнис според ранг...

Во Гевгелиско е мирно – мигрантите во мали групи влегуваат во земјата

Состојбата на македонско-грчката граница кај Гевгелија е мирна. Околу 600 мигранти во текот на ноќта ја минале границата и со возот во пет часот наутро заминале кон граничниот премин со Србија, Табановце. Од МВР соопштуваат дека се пропуштаат одреден број мигранти кои чекаат на границата согласно капацитетите на државата, а предност имаат лицата од најранливите категории. Од Македонски Железници најави...

Променливо облачно и со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и со повремени врнежи од дожд. Во западните и источните делови на земјата, во одредени места дождот ќе биде поинтензивен. Локален пороен дожд попладнево се очекува и во јужните делови. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20, а максималната од 21 до 27 степени Целзиусови. Во Скопје и околината се очекува слично време,...

Шок-бомбите врз мигрантите ја ставија Македонија во фокусот на светските медиуми

Македонија и мигрантската криза се најде во фокусот на светските медиуми, кои јавуваат дека македонската полицијата употребила шок-бомби и солзавец врз мигрантите кои се наоѓаат во безграничната зона меѓу Македонија и Грција. „Вол стрит џурнал“, „Њујорк тајмс“, „Еуронуз“, „Дејли меил“, „Франс 24“ и „Би-Би-Си“ се само дел од медиумите кои ги пренесоа извештаите на „Ројтерс“, „Асошиејтед прес“ и „Блумберг“. Во написите...

Краус: УНХЦР не поддржува затворање граници и нема информации за насилства

УНХЦР не поддржува затворање граници на било која земја во светот, но засега нема информации дека границата е официјално затворена и чекаме потврда од надлежните власти – изјави за „Мета“ Александра Краус, заменик-претставник на УНХЦР за Македонија. Краус вели дека засега не знаат какви ќе видат последиците од ваквата одлука на владата и од распоредувањето армиски сили. - Ситуацијата во Гевгелија...

Коцијанчич за „Мета“: Ја следиме состојбата на границата и се координираме со владата

Европската комисија е запознаена со одлуката на владата да прогласи кризна состојба во регионот на јужната и северната граница и е во контакт властите и со УНХЦР. - Во оваа фаза, Комисијата одблизу го следи развојот на настаните и мерките кои ги преземаат или ќе ги преземаат властите и ги утврдува фактите – изјави за „Мета“ Маја Коцијанчич, портпаролката еврокомесарот...

„Асошијетед прес“: Шок-бомби и повредени мигранти на границата

Најмалку осум лица се повредени откако македонската полицијата употреби шок-бомби и солзавец за да ги смири неколкуте илјади мигранти кои се заглавени во безграничниот простор меѓу Македонија и Грција, јавува новинската агенција „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на информации од грчката полиција. Странските агенции јавуваат дека толпата од околу 3.000 лица, кои ја минале ноќта под отворено небо, направиле неколку обиди...

Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец. Доцна попладне и во вечерните часови се очекува зголемување на облачноста во северните делови на земјата, каде ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени. Во Скопје и околината ќе има слично...

Откриени три нови вида инсекти во Македонија

Три нови досега непознати видови водени инсекти се пронајдени во националниот парк „Маврово“. Како што јавува порталот „Балкан риверс“, научниците ги откриле инсектите што спаѓаат во видовите drusus krpachi, potamophylax lemezes и siphonoperla korab во соработка со Волфрам Граф, доцент на виенскиот Универзитет за природни ресурси и природни науки. Засега инсектите не се целосно истрaжени, но научниците апелираат дека тие веќе се...

Нема епидемија на бруцелоза во Македонија

Во Македонија нема епидемија на бруцелоза, соопшти епидемиологот Благоја Алексовски од Институтот за јавно здравје. - Од почетокот на годинава во Македонија се регистрирани 12 случаи на бруцелоза. Два од случаите се реинфицирани, додека 10 се новозаболени. Минатиот месец се регистрирани пет нови случаи на бруцелоза во Македонија – вели Алексовски. Според Алексовски, нема простор за паника, особено зашто бројката на...

Бугарија ја обвинува Македонија дека ѝ пренела бруцелоза

Бруцелоза во Бугарија e пренесена со коза, која илегално е внесена од Македонија за расплод, соопшти викендов бугарскиот министер за здравство Петар Москов. Како што јавува бугарскиот портал „Оф њуз“, 23 лица се заразени со бруцелоза во градот Рила, а викендов се регистрирани нови девет заразени. - Големиот број болни се должи на непочитување на одредбите на здравствените органи. Не може да...

Канадскиот уметник Мајкл Клос целата оставнина ѝ ја подарува на Македонија

Познатиoт канадски ликовен уметник и синеист од македонско потекло, Мајкл Клос, кој живее во Торонто, целокупната своја оставнина ја пренесува во сопственост на Република Македонија. Станува збор за творештво создавано во изминативе 30 години. Оригинални документи, дневникот што го водел во три книги, слајдови, каталози, писма до светски лидери со кои лобирал за признавањето на Република Македонија под уставното име,...

Регистрирани три пожари во Македонија

Пожари денеска се регистрирани во три дела на Македонија, соопшти Дирекцијата за заштита и за спасување (ДЗС). Првиот пожар е регистриран над патот кон село Рашче во Општина Ѓорче Петров. Во гаснење на пожарот, кој зафатил нискостеблеста шума и трева, се ангажирани пет припадници од републичките сили за заштита и за спасување, едно противпожарно возило со тројца пожарникари, како и...

Осма средба на работните групи на македонското и на бугарското МНР

Работните групи на министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Република Бугарија денеска во Софија ја одржа осмата средба во врска со преговорите за договорот за пријателство, добрососедство и за соработка. Од МНР соопштија дека средбата минала во конструктивна атмосфера, без притоа да откријат повеќе детали. Следната средба, според договореното, треба да се одржи во Скопје.

Стејт департмент: Македонија успешно се справува со трговијата со луѓе

Стејт департментот на Соединетите Американски Држави (САД) во својот најнов извештај за состојбата со трговијата со луѓе во светот, ја рангира Македонија во групата ТИЕР 1, односно земји што ги исполнуваат стандардите за борба против овој вид криминал. Македонија е единствената земја од регионот што е рангирана во ТИЕР 1, заедно со уште 32 држави што ги исполнуваат минималните стандарди при справување со...

ОН: Македонските власти да ги известат сите прислушувани

Комитетот за човекови права на Обединетите нации во својот последен извештај за состојбата со човековите права во Македонија, објавен вчера, бара од властите во земјава да ги известат сите граѓани што биле цел на нелегалното прислушување, за да можат да ги искористат правните механизми заради нарушеното право на слобода на изразување и на приватност. „Државата треба да ги преземе сите...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...