fbpx

Во Гевгелиско е мирно – мигрантите во мали групи влегуваат во земјата

-

Состојбата на македонско-грчката граница кај Гевгелија е мирна. Околу 600 мигранти во текот на ноќта ја минале границата и со возот во пет часот наутро заминале кон граничниот премин со Србија, Табановце.

Од МВР соопштуваат дека се пропуштаат одреден број мигранти кои чекаат на границата согласно капацитетите на државата, а предност имаат лицата од најранливите категории.

Од Македонски Железници најави дека во текот на денот ќе бидат воведени повеќе вонредни линии со цел да се транспортираат мигрантите кои полека пристигнуваат на станицата во Гевгелија.

Странските новински агенции пренесуваат дека мигрантите студената и влажна ноќ ја минале на отворено, без пристап до вода, храна и засолниште, а нови групи мигранти, пешки пристигнуваат од границата на Грција.

Во изминатите два месеца на вкупно 41.595 странски државјани им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...