fbpx

Полицијата ја отвори границата – 4.000 мигранти ја преплавија Гевгелија

-

Неколку часа откако мигрантите на неколку наврати го пробија полицискиот кордон и насилно влегоа во Македонија, речиси сите останати мигрантри кои беа заглавени во безграничната зона со Грција се пуштени во земјава, јавуваат активистите за човекови права и светските агенции. Зад оградата, во делот меѓу двете земји се останати само уште околу 200 лица.

Според информациите од теренот, околу 4.000 мигранти ја минале границата. Дел од нив со такси и приватни автобуси го продолжиле својот пат кон границата со Србија, но повеќето се упатиле кон железничката станица во Гевгелија, каде го чекаат возот кој ќе ги однесе со северната граница.

Засега не се знае зошто владата ја смени политиката и ги отвори границите, а и странските медиуми јавуваат дека властите не се достапни за било каков коментар.

Јасмин Реџепи, претседател на невладината организација „Легис“ која им помога на мигрантите на својот фејсбук-профил објави дека е шокиран од последните случувања.

„Масовно ги носат со автобуси, минибуси и комбиња и воз до Табановце! Гладни и накиснати ќе смрзнат на северната граница! Ова ли е хуманиот план на владата? Зарем со страдањето на бегалците сака некој да профитира? Срамота!“, напиша Реџепи.

Локалните и меѓународните непрофитабилни организации ја критикуваа македонската полиција за употребата на шок-бомби и солзавец врз мигрантите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 посто од вкупниот број запишани гласачи - 1.814.317. Најголема излезност има во Општина Новаци, над...