fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Венизелос: Спорот за името нема брзо да се реши

Шефот на грчката дипломатијата Евангелос Венизелос не гледа можност за решение за спорот за името во брзо време. Венизелос во интервју за неделникот „Риал њуз“ истакнува дека поради неконструктивност од македонска страна, нема да има нови случувања и развој на настаните за побрза разврска. „Нема нов предлог од Нимиц. Нема да има брз и итен развој на настаните околу спорот за...

Облачно време со појава на краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, со услови за краткотраен дожд во пладневните часови. Попладне и во текот на ноќта ќе има појава на повремен дожд во југозападните и источните делови на земјата. Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до петтиот Целзиусов степен, а дневната ќе достигне 16 степени. Во Скопје, времето...

ЕК: Македонската економија со најдобар раст во регионот

Европската комисија оцени дека надолниот тренд на балканската економија се должи на забавениот раст и рецесијата во Србија и во Албанија во изминатите неколку месеци, јавува „Б92“, повикувајќи се на новинската агенција „Бета“. Со тоа се потврди дека кревко било закрепнувањето кое почна во 2013 година. Ова се наведува во најновата економска анализа на ЕК, во која увид имала агенцијата...

Нимиц на Македонија ѝ предложил „Горна Република Македонија“

Последниот официјален предлог за името што посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц, минатата година, го понудил до Македонија и на Грција, го објави денеска БИРН. На документот до кој дојде БИРН, стои датумот 9 април 2013 година, што се совпаѓа со датумот на заедничката средба на посредникот со претставниците на Македонија и на Грција во седиштето на ОН, по која беше...

„Гардијан“: Како Александар Македонски влијае на спорот за името

Интерент-изданието на „Гардијан“ анализира како проектот „Скопје 2014“ влијае врз односите помеѓу Македонија и Грција, пренесувајќи дека восочната фигура на Александар Велики има почесно место во македонскиот музеј, што е најновиот пример на симболичното добивање поени во спорот за името. „Љубовната врска на Никола Груевски со спомениците почна со Александар Велики. Во 2011 година, на големо чудење на Грција, македонскиот премиер...

ММФ: Македонија со раст поголем од просекот на регионот

Македонија ќе ја заврши годината со раст околу 3,5 отсто, што е над просекот во регионот, оцени денеска претставничката на мисијата на ММФ, Ивана Владкова Холар. - Порастот за оваа година е над просекот во регионот и е проектиран да изнесува околу 3,5 проценти и незначително да се зајакне следната година. Растот е балансиран и го одразува зголемениот извоз, како...

Денови на македонското културно наследство од 9 до 11 ноември во Азербејџан

Манифестацијата Денови на македонското културно наследство ќе се одржува од 9 до 11 ноември во главниот град на Азербејџан, Баку, и во градот познат како културна ризница Арсу. Централно место на манифестацијата ќе заземе настапот на КУД „Дримкол“ од Вевчани, кои ќе настапат со целовечерна програма, при што ќе се презентираат традиционални песни и ора, носии и обичаи на Македонија. Во...

Веб-страница пренесува снимки од хакирани безбедносни камери, 56 од Македонија

На веб-страницата „Инсекам“ (Insekam) собрани се преку 73.000 стримови во живо од безбедносни камери, чии сопственици не ја промениле основната лозинка. Во Македонија има 56 такви сигуроносни камери, кои се поставени во Битола, Гостивар и во Добри Дол. „Инсекам“ тврди дека емитува стримови од камери од целиот свет, вклучувајќи преку 11.000 од САД. Покрај снимки од паркиралишта, фабрички погони и продавници, на...

Новиот комесар на ЕУ ќе ја заобиколи Македонија во првата посета

Јоханес Хан, новиот комесар на Европска Унија надлежен за соседска политика и за преговори за проширување, веќе го насочи вниманието кон земјите од Западен Балкан, по само една недела на должност. Во првата посета на регионов, Хан ќе ги посети Србија и Црна Гора, но на агандата засега не е Македонија. Како што соопштија претставништвата на ЕУ во Белград и во...

Попоски за „Дојче веле“: Не смее да дојде до промена на Уставот за да се промени уставното име

Македонија е заинтересирана и вложува напори за решавање на спорот за името, но решението не смее да ги загрози македонските идентитетски параметри, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, во интервју за „Дочје веле“. - Не смее да дојде до промена на Уставот за промена на уставното име и на клучните параметри за кои сме утврдиле дека не може да бидат предмет...

Интерпол трага по 25 Македонци

Меѓународната полиција Интерпол има распишано 25 потерници за македонски државјани, пишува весникот „Дневник“ . Најмладиот на „црната листа“ на Интерпол има 27 години, додека најстариот 67 години. Потрагата по нив е распишана поради истрага или издржување затворски казни во Хрватска, Словенија, Словачка, Германија, Албанија, САД, Данска, Бахреин и во Романија. Најмногу потерници за македонски државјани има распишано Националното биро на Интерпол...

Македонија е на 69. место во светот по просперитет

Земјава, според овие резултати се искачила за десет места и е зад Русија која е на 68 место, а пред Парагвај и Индонезија.
Македонија е на 69. место во светот од рангирани 142 земји  според индексот на просперитет на британскиот научен институт „Легатум“. Станува збор за годишна процена на богатството и на благосостојбата на земјите, а индексот на просперитет се пресметува врз основа на осум категории: економија, образование, претприемништво и можности, управување, здравје, лична слобода и безбедност и социјална состојба. Македонија најдобро е рангирана во...

Македонските ракометари ја совладаа Швајцарија

Ракометарите во недела ќе им гостуваат на Чесите
Македонските ракометари во дуелот со Швајцарците успеаја да стигнат до посакуваната победа. Тие сега го очекуваат гостувањето во Злин и натпреварот со Чешка. Ако ракометарите успеат да победат, Македонија ќе биде на добар пат да се квалификува за учество на Европското првенство во 2016 година. Дуелот со Чешка се игра в недела, во 13.30 часот.

Претседателот Иванов од денеска во работна посета на Србија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во официјална посета на Република Србија, соопштија од неговиот кабинет. Утре, Иванов во Белград ќе има средба со неговиот српски колега, Томислав Николиќ, а ќе се сретне и со претседателката на српското Народното собрание, Маја Гојковиќ. За време на официјалната посета, Иванов ќе има средби и со претставници на македонското...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...