fbpx

Венизелос: Спорот за името нема брзо да се реши

-

Шефот на грчката дипломатијата Евангелос Венизелос не гледа можност за решение за спорот за името во брзо време. Венизелос во интервју за неделникот „Риал њуз“ истакнува дека поради неконструктивност од македонска страна, нема да има нови случувања и развој на настаните за побрза разврска.

„Нема нов предлог од Нимиц. Нема да има брз и итен развој на настаните околу спорот за името бидејќи од другата страна не се прават никакви чекори и потези“, вели Венизелос за неделникот, во коментар за средбата на посредникот Метју Нимиц со македонскиот и со грчкиот преговарач, Васко Наумоски и Адамантиос Василакис, во Њујорк изминатава недела.

Посредникот Нимиц по средбата во седиштето на Обединети нации и самиот посочи дека нема напредок, но истакна дека останува посветен на развивање на дијалогот и на наоѓање формула за името која би ги задоволила барањата на двете страни.

Изјавата на Венизелос е уште една потврда дека грчките ставови, барања и очекувања во однос на преговорите и односот на македонската влада и натаму остануваат зацементирани. Грчката страна и пред посредникот и пред меѓународната заедница настапува со ставот дека владата во Атина го има изодено својот дел од патот и чека „македонски потег“, односно отстапка од македонските црвените линии за да може да се најде заеднички прифатливо решение за двете страни. Грција, како своја голема последна отстапка, ја смета одлуката на владата на Костас Караманлис во 2008 да се дозволи во конечната формула за името да стои и терминот „Македонија“. Грчката влада останува на барањето за име со географска одредница, која се инсистира да стои пред името Македонија и кое ќе биде за севкупна, односно и за внатрешна и за надворешна употреба.

M.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...