fbpx

Стотина маршираа за повеќе толеранција

-

Под силно полициско обезбедување, денеска на пладне се одржа традиционалниот Марш на толеранција во организација на Хелсиншки комитет за човекови права и на невладината организација „Цивил“. Неколку десетици учесници на маршот во 5 до 12 се собраа пред Музејот на Град Скопје и преку улица Македонија маршира кон зградата на Владата, а потоа преку мостот Гоце Делчев, се упатија до платото пред Универзитетот на ЈИЕ.

Претседателката на Хелсиншки комитет, Уранија Пировска, рече дека сме сведоци на зголемена омраза кон сите оние кои по своите карактеристики се различни од мнозинството во Република Македонија.

– Денешниот ден го посветуваме на сите кои со својата различност се жртви на дела сторени од омраза. Сакаме да потсетиме дека Република Македонија е земја која треба да се гордее поради своите различности. На денешниот ден ќе маршираме уште еднаш да го изразиме својот револт поради тоа што се случува и за да потсетиме дека во оваа земја треба да владее љубов, а не омраза – рече Пировска.

Џабир Дерала од невладината „Цивил“ истакна дека овој ден е прогласен за Меѓународен ден на толеранцијата од Обединетите нации, кои налагаат обврска на секоја влада на овој ден да даде отчет што направила во обесхрабрувањето на говорот на омраза, нетолеранцијата и насилството против различните.

– Однесувањето на Владата на Република Македонија во последните години е неприфатливо и тоа е исполнето со политики и практики кои наспроти обврската да го обесхрабрат и да го санкционираат насилството и нетолеранцијата, прават токму обратно. Владата во последните години практикува нетолеранција, промовира омраза портив различните и ги остава неказнети сите што прават кривични дела сторени од омраза. Тоа е неприфатливо и денеска сакаме да ги потсетиме дека таквото однесување е акт на криминал – рече Дерала.

Оваа година маршот беше посветен на темелните вредности на секое демократско општество – правда, слобода и еднаквост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...