fbpx

ММФ: Македонија со раст поголем од просекот на регионот

-

Македонија ќе ја заврши годината со раст околу 3,5 отсто, што е над просекот во регионот, оцени денеска претставничката на мисијата на ММФ, Ивана Владкова Холар.

– Порастот за оваа година е над просекот во регионот и е проектиран да изнесува околу 3,5 проценти и незначително да се зајакне следната година. Растот е балансиран и го одразува зголемениот извоз, како и зголемената лична потрошувачка – изјави Владкова Холар.

Според вицепремиерот и министерот за финансии, Зоран Ставрески, македонската економија во првите девет месеци оствари солиден економски пораст, кој покажува дека здраво се поставени политиките кои го овозможуваат тој раст.

– Во 2014 година очекуваме раст кој ќе се движи меѓу 3,5 и 3,8 проценти, што е една од највисоките стапки во Европа, можеби највисока и за следните две години – рече Ставрески, додавајќи дека очекуваат висок економски раст кој ќе се приближи околу 4 и над 4 проценти.

Ставрески оцени дека Владата успеала со добра координација на фискалната и монетарната политика да создаде добар амбиент за поддршка на домашните фирми. Министерот рече дека очекуваат да се задржи стабилноста на денарот и можноста и фирмите да дојдат до кредитни средства што им се потребни за инвестиции.

Вицепремиерот истакна дека државниот долг е на ниво кое е најниско во регионот и меѓу пониските во Европа.

– Во таа насока се и мерките за фискална консолидација што се предвидени, а следниот период во насока на постепено намалување на буџетскиот дефицит. Тоа намалување, како што препорача ММФ, ќе се одвива со онаа динамика која е потребна за да не се наруши растот – истакна Ставрески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...