СДСМ бара да се обезбедат подобри услови во училиштата

-

Алармантна е финансиската ситуација во основното и во средното образование. Училиштата во Карпош должат повеќе од еден милион евра, во Струга и во Кичево нема пари за нафта и за греење, во селата во Велес родителите не ги пуштаат учениците на настава поради нехигиена, Битола има проблеми со превозот на ученици, обвинува СДСМ.

Според партијата, има неколку причини за лошите услови во образованието. Дејан Павлески, претседател на комисијата за локална самоуправа, вели дека блок-дотациите за општините се исти, иако во меѓувреме цените на нафтата и на струјата се зголемија неколкупати, бројот на ученици во основните и во средните училишта од 2007 до 2013 година е намален за повеќе од 32.000, а бројот на наставници е зголемен за 3.000.
– Градоначалниците и советниците од ВМРО-ДМПНЕ и од ДУИ за сите овие катастрофални состојби во образованието молчат. Во меѓувреме, се трупаат долгови на училиштата, растат огромни камати, некаде се активирани и извршители. За сето ова цената ќе ја платат граѓаните на Република Македонија – вели Павлески.

СДСМ бара веднаш да се зголеми износот на блок-дотацијата за образование за 10 проценти и да се обезбедат минимум технички услови и хигиена во основните училишта во селските средини.

ИЈЗ: За само еден месец, за 92,8 отсто зголемен бројот на акутните заразни заболувања

Во текот на месец декември 2024 година, до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пристигнале вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања (без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и...

Индекс на младинско учество: Социјалните бариери ги оддалечуваат младите од вклученост во заедницата

Многу мал процент млади, како на национално, така и на локално ниво, се вклучени во политичкиот живот. Четвртина од младите не се вработени, не се образoваат ниту се обучуваат, а се...

Играта со загатки „Escape Academy“ е бесплатна на Epic Games до четврток

Играта со загатки Escape Academy е бесплатна на Epic Games до четврток. Се работи за релативно кратка игра со интересни загатки со кои решавате како да се излезе од одредени простории...

Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата на ставовите на пратеникот Бојан Стојаноски

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на обидите на пратеникот Бојан Стојаноски, да ги поврзува реакциите на Платформата со влијанија на политички партии, реагираат денеска оттаму. „Во услови...

ИЈЗ: За само еден месец, за 92,8 отсто зголемен бројот на акутните заразни заболувања

Во текот на месец декември 2024 година, до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пристигнале вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања (без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА,...