fbpx

ЕК: Македонската економија со најдобар раст во регионот

-

Европската комисија оцени дека надолниот тренд на балканската економија се должи на забавениот раст и рецесијата во Србија и во Албанија во изминатите неколку месеци, јавува „Б92“, повикувајќи се на новинската агенција „Бета“.

Со тоа се потврди дека кревко било закрепнувањето кое почна во 2013 година. Ова се наведува во најновата економска анализа на ЕК, во која увид имала агенцијата „Бета“.

Според ЕК, до значителен раст во реалниот домашен бруто-производ (БДП), дошло во Македонија, како и на Косово. Сепак, кај Косово тоа се должи на приватната потрошувачка поради големиот пораст на платите во државниот сектор и пензиите во април оваа година.
Во анализата се укажува на тоа дека големите поплави во мај во Србија и во БИХ имале разорни последици по инфраструктурата и предизвикувале големи загуби во производството, особено во рударството и во енергетиката.

Во Црна Гора и во Албанија забавувањето на порастот се должи на големиот пад на индустриското производство, а во Србија состојбата се влошила и поради ниското ниво на инвестиции.

Според аналитичарите, на Западен Балкан и понатаму е голема невработеноста, особено меѓу младите, за што се потребни одлучни и уверливи структурни мерки на пазарот на работна сила и производство.

Иако во последните месеци дошло до незначителен пад на невработеноста, во Србија преку 20 проценти од работоспособното население е без работа, во Македонија 28 отсто, во Албанија 18 проценти, а најмногу невработеност има на Косово – 30 отсто и во БИХ – 27,5 проценти. Сепак, во Албанија дошло до пораст на вработеноста во првите седум-осум месеци годинава, исто како и во Македонија, благодарение на силното закрепнување на преработувачката индустрија.

Во повеќето земји на Западен Балкан, се вели во економската анализа на ЕК, голем предизвик има малата покриеност на увоз со извоз, а тековниот платен биланс се влошил особено до половината на годинава, достигнувајќи 11,6 проценти од БДП во Албанија, 7 отсто во БИХ и 15,2 проценти во Црна Гора.

Во Србија, како што е објаснето, најмногу поради поплавите, извозот опаднал во јули и во август, па дури станал и негативен, што го забави и го намали дефицитот на платниот биланс. Тој дефицит е најнизок во Македонија, 1,2 проценти, благодарение на големите дознаки од странство.
Истовремено, дошло до општ пад на цените во регионот, најмногу во секторот на храна, облека, комуникација и на транспорт.
Банките во регионот незначително ги зголемија кредитите за претприемачите, со најголема стапка на ненаплатени банкарски позајмици во Албанија, дури 24 проценти, и во Србија – дури 23 проценти.

Балансирање на буџетскиот расход е забележан во Албанија и во Црна Гора, во дел и поради подоброто собирање на данокот. Наспроти тоа, во Србија и во БИХ, поради последиците од поплавите, дошло и до влошување на економските прилики и пад на приливот во буџетот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...