fbpx
Таг: Македонија

таг: Македонија

Сообраќајот се одвива во зимски услови

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, наместа со остатоци од снег на коловозите. Поради ниска температура, можна е појава на голомразица. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење...

Сообраќајот се одвива отежнато

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите. Поради ниската температура, во утринските часови се забележува појава на голомразица. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјата. Забрани за сообраќај на...

Студено време со температурa во минус

Времето денеска ќе биде студено со сончеви периоди. Минималната температура во котлнините ќе изнесува -12 Целзиусови степени, а -19 во повисоките планински делови. Максималната температура ќе изнесува од -2 до 2 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината ќе биде претежно сончево и суво, со можно мало зголемување на облачноста. Минималната температура изнесува -15 Целзиусови степени, а дневната максимална температурата на воздухот ќе...

Македонија пријателски го победи Израел

Уште една победа на пријателски натпревар со Израел извојува ракометната репрезентација на Македонија, откако вчера, на затворениот за јавност дуел, победи со 42:32. Дејан Манасков бил најефикасен во нашиот состав со седум погодоци, еден помалку имал Кире Лазаров, а Златко Мојсовски постигнал четири.  

Италијанска астронаутка: Бонџорно Скопје, Македонија!

Италијанската астронаутка Саманта Кристофорети викендов ги поздрави граѓаните на Македонија од вселената. Кристофорети, која на 23 ноември ја почна својата шестмесечна мисија на Меѓународната вселенска станица, во саботата преку својот твитер-профил испрати поздрав, објавувајќи фотографија на Скопје од вселената. „И убава сабота, Македонијо! Еве го вашиот главен град Скопје, погледнат утринава од вселената. Бонџорно Скопје, Македонија!“, напиша Кристофорети. Триесет и седумгодишната Кристофорети...

Граѓаните на отворен ден на Владата

Граѓаните на Македонија денеска на отворениот ден на Владата ќе можат одблизу да се запознаат со нејзината работа. Во рамките на „Отворена Влада“, граѓаните ќе се запознаат со начинот на функционирање, спроведувањето на владините политики, а ќе можат да учествуваат и на седница на една од владините комисии. Со обиколката на зградата ќе бидат опфатени и Салата за билатерални средби, Кабинетите...

Нискa температурa со услови за врнежи од снег

Времето денеска ќе биде умерено облачно. Во попладневните часови ќе дува умерен ветер од северен правец, кој ќе придонесе за рапидно опаѓање на температурата. Ниската температура ќе создаде услови за формирање снег, кој се очекува да почне да паѓа кон крајот на денот. На планините се очекуваат пообилни врнежи од снег. Утринската температура ќе се движи од -3 до 4 Целзиусови степени,...

Давутоглу: Македонија може да смета на безусловна поддршка и помош од Турција

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска се сретна со турскиот премиер Ахмет Давутоглу. На средбата, како што соопштија од кабинетот на претседателот, било разговарано за натамошното продлабочување на билатералните односи како и за зголемување на соработката меѓу Република Македонија и Република Турција. Иванов и Давутоглу изразиле задоволство од традиционалното пријателство и партнерство, и од интензивната комуникација и соработка во...

Груевски – Давутоглу: Турција e искрен пријател на Македонија

Во рамките на дводневната официјална посета на Македонија, турскиот премиер Ахмет Давутоглу имаше тет-а-тет средба со својот домаќин, премиерот Никола Груевски. По средбата, на прес-конференција Груевски истакна дека Република Турција е долгогодишен пријател на Македонија и безрезервно ја поддржува земјата во евроатланските аспирации. - Ние го почитуваме фактот што Република Турција дава принципиелна и вредносна поддршка на нашите државни и национални интереси. Со...

Македонската и албанската полиција ќе соработуваат со заеднички оперативни тимови

Македонската и албанската полиција, вчера и денеска, на работен состанок кој се одржува во охридскиот хотел „Милениум палас“, договараат заедничка стратегија за поуспешно справување со организираниот криминал. Тимовите ги предводат директорот на Дирекцијата за јавна безбедност во МВР, Митко Чавков, и директорот на полицијата на Република Албанија, Артан Диди. Во досегашната работа, учесниците на средбата направија анализа на досегашната соработка, а...

Путин најави нов гасовод кој би минувал низ Македонија

Поставувањето нов европски гасовод, на границата меѓу Турција и Грција, зависи од Европа, изјави денеска Владимир Путин на годишната конференција со новинарите. - Во голема мера тоа зависи од Европа, доколку сакаат да имаат стабилно, апсолутно загарантирано и без ризик снабдување со енергија од Русија. Ако се согласат, ние ќе работиме, преку Грција да стигнеме до Македонија и до Србија,...

Рубљата не го намали, ама ќе го забави македонскиот извоз

Падот на руската рубља нема да го намали, но ќе го забави извозот на македонските компании во Русија, кои годинава, според податоците на Министерството за економија, бележат зголемен извоз за 35 отсто. - Падот на рубљата ќе влијае на извозот на македонски производи во Руската Федерација, односно ќе има забавување во порастот на извозот поради намалената вредност на рубљата. Што...

Потпишан договор за железничката пруга Атина-Будимпешта

Премиерите на Македонија, Србија, Унарија и на НР Кина, денеска на Самитот во Белград потпишаа договор за изградба и за реконструкција на брза железничката пруга која ќе ја поврзе Атина со Будимпешта. Надградената пруга на оваа железничка линија е важен момент за соработката меѓу Европска Унија и Кина, особено зашто со неа ќе се овозможи побрз транспорт на кинески производи од...

Потпишан договорот за царинска соработка со Србија, Унгарија и со Кина

Македонија, Србија, Унгарија и НР Кина денеска во Белград потпишаа договор за царинска соработка. Договорот го потпишаа во рамки на Третиот состанок на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и од Источна Европа. Договорот, кој беше потпишан во рамките на Третиот состанок на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и од Источна...

ЕУ бара решение за името „без одложување“

Реториката на Европска Унија во однос на решавање на спорот околу името со Грција во секој нареден извештај сè повеќе се засилува. Во секој извештај се споменува дека Македонија треба да одржува добрососедски односи, да преземе решителни чекори за да најде заедничко прифатливо решение за спорот за името, за што сè почесто го користи зборот „без одложување“. Во заклучоците на министрите за надворешни...

ЦИА му го уништи животот на Ел-Масри, но не се ни извини

Калид ел-Масри е целосно уништен човек, јавуваат свеските медиуми. Една деценија откако ЦИА, со помош на македонските власти, го собра во Македонија и го однесе во тајниот притворски центар во Авганистан, Ел-Мастри уште нема закрепнато. Весникот „Сан хералд“ наведува дека Германецот со либанско потекло повеќе не е дел од животот на сопругата и на децата, а пријателите и адвокатот не можат да...

Ахмети се сретна со белгиската амбасадорка Ван Калстер

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска оствари работна средба со белгиската амбасадорка Аник ван Калстер. Амбасадата на Белгија со седиште во Софија, Бугарија, истовремено е и дипломатско претставништво и за Република Македонија. На средбата, соговорниците разговарале за актуелната ситуација во земјата и во регионот, економскиот развој, меѓуетничките односи, како и за евроатланската интеграција. Како што соопштија од ДУИ, претседателот Ахмети зборувал за потребата...

Слуачајот „Ел-Масри“ како бумеранг ќе ѝ се врати на ЦИА

Судскиот процес на Калид Ел-Масри против Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур би можел како бумеранг да ѝ се врати на ЦИА, оценуваат американски правни експерти. Директорот на Американската граѓанска унија за слободи, Ксина Шамси, смета дека извештајот на Сенатот за тортурите на ЦИА ќе придонесе за зголемување на притисокот за истрага и за отчет, но не...

БАН: Сите македонски дијалекти се бугарски

Бугарската академија на науките (БАН) ги стави македонскиот јазик и неговите дијалекти како составен дел од бугарската дијалектологија. БАН и Институтот за бугарски јазик завчера, со финансиска помош од Европскиот социјален фонд на Европска Унија, ја промовираа интернет-аудиокартата на 30 автентични бугарски дијалекти, во кои се вброени и сите дијалекти од Македонија. Аудиокартата, која ја направија научниците од Институтот за...

Претседателот на БККС обвинува: Власта ги заплашува Бугарите во Македонија

Бугарите во Македонија не се слободни граѓанин, тврди претседателот на Бугарски културен клуб - Скопје, Лазар Младенов, во интервју за бугарскиот весник „Труд“. - Гонењето е придружна компонента на бугарштината. Не може да си Бугарин од Македонија и да си слободен граѓанин - вели Младенов. Претседателот на БККС, во интервјуто открива дека постојано добива закани по животот. - Заканите се дел од нашиот живот,...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...