fbpx

Македонската и албанската полиција ќе соработуваат со заеднички оперативни тимови

-

Македонската и албанската полиција, вчера и денеска, на работен состанок кој се одржува во охридскиот хотел „Милениум палас“, договараат заедничка стратегија за поуспешно справување со организираниот криминал. Тимовите ги предводат директорот на Дирекцијата за јавна безбедност во МВР, Митко Чавков, и директорот на полицијата на Република Албанија, Артан Диди.

Во досегашната работа, учесниците на средбата направија анализа на досегашната соработка, а истовремено и идентификација на конкретни области на криминал како заеднички приоритет на двете полиции и профилирање лица и групи за кои постојат сознанија дека се поврзани и вклучени во криминални активности. До крајот на средбата, денеска, ќе биде направен конкретен договор за воспоставување заеднички оперативни тимови, кои ќе бидат вклучени во заеднички операции, како и во разгледување нови предлози, иницијативи во насока на натамошно продлабочување на соработката на двете полиции.

– Нашата интенција е да направиме еден пресек и една анализа со албанската полиција, да ги идентификуваме и утврдиме заедничките приоритети во иднина и, особено, целта ни е да обезбедиме една проактивна предност во тековното полициско работење и во соработката помеѓу двете полиции. Преку идентификување лица и криминални групи кои се вклучени во транснационален организиран криминал, целта е, соодветно на тоа, практично да се организираме и да поставиме заеднички оперативни тимови, кои ќе имаат обврска на дневно-оперативно ниво да соработуваат и да разменуваат информации, со крајна цел, отварање заеднички истраги преку формирање заеднички истражни тимови, веројатно и со вклучување на обвинителствата на двете држави – вели директорот Митко Чавков.

Директорот на албанската полиција Артан Диди, оценува дека главниот резултат од средбата е договорот за заедничко дејствување на теренот.

– Целта е дел од западноевропските вредности и да бидеме целосно компатибилни. Затоа во нашата делегација во Охрид имаме претставници и од оперативните структури на полицијата и од граничната полиција. Сакаме двете страни добро да се запознаат со задачите и со заемните можности и потреби, затоа што не сакаме соработката да биде само декларативна – вели директорот на албанската полиција Артан Диди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...