fbpx

Давутоглу: Македонија може да смета на безусловна поддршка и помош од Турција

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска се сретна со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

На средбата, како што соопштија од кабинетот на претседателот, било разговарано за натамошното продлабочување на билатералните односи како и за зголемување на соработката меѓу Република Македонија и Република Турција. Иванов и Давутоглу изразиле задоволство од традиционалното пријателство и партнерство, и од интензивната комуникација и соработка во сите сфери од заеднички интерес, кои, како што оцениле, се потврда за одличните односи меѓу Република Македонија и Република Турција.

„Изразувајќи благодарност за цврстата и принципиелна поддршка на Република Турција во однос на нашите стратешки цели, членството во Европската Унија и во НАТО, претседателот Иванов, нагласи дека Република Македонија високо ги цени турските активности и напори по овие прашања“, се наведува во соопштението.

Македонскиот претседател и турскиот премиер ја поздравиле економската соработка, која е највисоко на агендата на меѓусебните односи, со очекување за натамошно интензивирање. На средбата било разговарано и во однос на соработката во сферата на одбраната и безбедноста, културата, туризмот, образованието, како и на мултилатерален план во меѓународните организации.

Иванов, изразил очекување за зајакната соработка во рамките на Алијансата на цивилизациите, каде што Република Турција е земја-основач на оваа иницијатива, во рамките на Обединетите Нации.

На средбата Иванов и Давутоглу размениле мислења и информации за состојбите во регионот, за прашањата од надворешно политички интерес за двете земји, и разговарале за потребата од поголема соработка меѓу безбедносните служби на Република Македонија и на Република Турција, во поглед на соочување со заканата од странските терористички борци.

Давутоглу истакнал дека Македонија е важен пријател и партнер на Турција и дека, како и досега, и во иднина може да смета на нивната безусловна поддршка и помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...