fbpx

ЕУ бара решение за името „без одложување“

-

Реториката на Европска Унија во однос на решавање на спорот околу името со Грција во секој нареден извештај сè повеќе се засилува. Во секој извештај се споменува дека Македонија треба да одржува добрососедски односи, да преземе решителни чекори за да најде заедничко прифатливо решение за спорот за името, за што сè почесто го користи зборот „без одложување“.

Во заклучоците на министрите за надворешни работи на ЕУ кои треба да ги усвојат деновиве во Брисел се вели дека Македонија мора да најде „конечно решение за спорот за името без одложување“.

„Одржување добри соседски односи, вклучувајќи ги и преговорите и заедничко прифатливо решение за проблемот за името, под покровителство на Обединетите нации останува неопходно. Долготрајните преговори за спорот за името треба да донесат конечно решение без одложување. Здолжително да се преземе одлучна акција“, се вели во заклучоците.

Во стратегијата за проширување од 2014-2015 година се вели дека „Останува од суштинско значење да се преземат решителни чекори кон решавање на „прашањето за името“ со Грција. Неуспехот на страните во овој спор да постигнат компромис, по 19 години преговори со посредство на ОН, има директно и негативно влијание врз европските аспирации на земјата. Потребна е одлучна акција, како и проактивна поддршка од страна на лидерите на ЕУ“.

Во македонската верзија, пак, на стратегијата за проширување го нема делот дека „добрососедските односи за Македонија се од суштинско значење, вклучувајќи ги и преговарите за пронаоѓање заедничко прифатливо решение под покровителство на Обединетите нации, кое мора да се најде без понатамошно одложување“, кој го има во англиската верзија на документот.

Слична ваква реторика има и во извештајот за проширување од 2013-2014 година, во која се вели дека:

„Комисијата, исто така, од 2009 година, препорачува дека треба да почне втората фаза на асоцијација, согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација. И во двата случаи, не е донесена одлука од страна на Советот. Дваесет години по приемот на земјата во Обединетите нации, треба да се најде решение на прашањето за името без понатамошно одложување“.

Новoименуваниот комесар за претпристапни преговори на Европска Унија (ЕУ), Јоханес Хан, најави дека лично ќе се погрижи околу проблемот за името што го имаат Грција и Македонија.

– Што се однесува до поранешната југословенска република Македонија, ние се обидуваме да го деблокираме прашањето, но, како што знаете, има многу пречки и засега не гледам никакво придвижување, но ова не е нешто што можам да го прифатам засекогаш и со сигурност ќе направам сè што можам во наредните месеци за да ја подобрам ситуацијата – изјави Хан.

Тој претходно рече дека е важно ЕУ да преземе поактивна улога во преговорите и дека важен е квалитетот, а не брзината.

И Германија е сè повеќе вклучена во преговорите за решавање на спорот за името. На традиционалната летна прес-конференција во Берлин во јули оваа година, германската канцеларка Ангела Меркел најави директно вклучување во преговорите за името.

– Моите разговори околу името се доверливи. Тоа е и онака тешко. Затоа има бранови во кои се внесувам во спорот, но и фази во кои оставам работите да мируваат. Но, со сигурност – ќе дојде момент кога лично ќе се заложам. Но, на крајот, видете, може да помогнеме, но доколку актерите меѓусебно не се доближат, мојата помош не помага – рече Меркел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...