Поставувањето нов европски гасовод, на границата меѓу Турција и Грција, зависи од Европа, изјави денеска Владимир Путин на годишната конференција со новинарите.

– Во голема мера тоа зависи од Европа, доколку сакаат да имаат стабилно, апсолутно загарантирано и без ризик снабдување со енергија од Русија. Ако се согласат, ние ќе работиме, преку Грција да стигнеме до Македонија и до Србија, а потоа да одиме до Баумгартнер во Австрија. Ако тие не се заинтересирани, ние нема да го правиме тоа… Нема резерви, ниту ќе има какви било во блиска иднина, поевтини и посигурни од оние на Русија – рече Путин.

Новиот гасовод ќе биде изграден на територија на Турција, на границата со Грција. Тој ќе го замени проектот „Јужен тек“, кој беше прекинат поради противењето на ЕУ. Во рамките на новиот проект, Турција би можела да стане главен посредник за снабдување со руски природен гас.