fbpx

Канадскиот уметник Мајкл Клос целата оставнина ѝ ја подарува на Македонија

-

Познатиoт канадски ликовен уметник и синеист од македонско потекло, Мајкл Клос, кој живее во Торонто, целокупната своја оставнина ја пренесува во сопственост на Република Македонија.

Станува збор за творештво создавано во изминативе 30 години. Оригинални документи, дневникот што го водел во три книги, слајдови, каталози, писма до светски лидери со кои лобирал за признавањето на Република Македонија под уставното име, како и една колекција цртежи и слики на платно.

Сето тоа ќе биде сместено и изложено во посебна просторија во подрачното одделение на Државниот архив на Македонија во Охрид, на очиглед на јавноста.

Официјалното предавање ќе се случи вечерва од 18 часот, на манифестацијата „Отворен ден на архивите“, организирана по повод националниот празник 2 Август – Денот на Републиката.

– Македонија се гради и од Торонто. Се сконцентриравме еден период на Њујорк, каде изложував  во галерии и во македонската мисија на Обеднитетите нации (ОН). Потоа се посветивме на Рим и на светиот престол – Ватикан. Имав самостојна изложба во хотелот „Континентал“, а потоа и во Ватикан – 20 слики на платно. Во нашето дипломатско претставништво оставивме 80 оригинални минијатури, кои ќе им бидат подарени на сите амбасадори во Ватикан. Исто толку минијатури и за истите официјални лица оставивме и претходно, за време на беатификацијата на Мајка Тереза – вели Клос за „Мета“.

Сликарството е главна преокупација на Клос, но веќе долго време работи и како графички дизајнер и како сценограф.

Има работено на филмот „Тројца мажи и бебе“ и „Т и Т“. Делата честопати ги донира за да им помогне на добротворните организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...