fbpx

Попоски: Македонија е толку витална колку што е витален македонскиот јазик

-

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска одржа предавање на Летниот камп „Ја сакам Македонија“.

Кампот традиционално, годинава по четврти пат, се одржува во Охрид, во организација на Министерството за надворешни работи и е наменет за деца кои го изучуваат македонскиот јазик и култура, а се по потекло од блиското соседството и од подалечната дијаспора.

– Ова е еден од најзначајните проекти бидејќи Македонија е толку витална колку што е витален македонскиот јазик и не само во Република Македонија, туку особено од страна на оние кои живеат надвор. Затоа и вложуваме толку енергија и е значајно овој проект да го развиваме во иднина. Размислуваме да го прошириме и со зимски камп, но и со вклучување на камп за средношколци кои би го изучувале или усовршувале македонскиот јазик – рече Попоски.

Во изминативе 4 години во работата на кампот учествувале неколку стотини деца.

– И оваа година сметаме дека кампот е прилично успешен поради разноликоста на составот, бројот на земји од кои доаѓаат и се надеваме дека ова ќе успееме да го надградиме уште повеќе следната година – потенцираше Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.