fbpx

„Асошијетед прес“: Шок-бомби и повредени мигранти на границата

-

Најмалку осум лица се повредени откако македонската полицијата употреби шок-бомби и солзавец за да ги смири неколкуте илјади мигранти кои се заглавени во безграничниот простор меѓу Македонија и Грција, јавува новинската агенција „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на информации од грчката полиција.

Странските агенции јавуваат дека толпата од околу 3.000 лица, кои ја минале ноќта под отворено небо, направиле неколку обиди да го пробијат полициското обезбедување. Меѓу повредените има и едно дете, кое е погодено од шрапнел од шок бомба која била директно испукана во топлата.

Од министерството за внатрешни работи ниту ги потврдуваат, ниту ги демантираат информациите за употреба на солзавец и шок-бомби врз мигрантите, ниту пак извештаите за повредени мигранти.

Иво Котевски, помошник-министер односи со јавност за „Мета“ вели дека се соочуваат со голем наплив на мигранти кои се обидуваат да влезат во земјата од грчка страна. Колку мигранти има на безграничниот простор меѓу Македонија и Грција не можеше да каже.

– Полицијата која што е распоредена на границата ги користи сите законски дозволени и расположливи средства за да спречи било каков обид за илегален влез на странски државјани на македонска територија – изјави Котевски.

Македонската влада вчера прогласи кризна состојба и ја затвори јужната граница за мигрантите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...