Стејт департмент: Македонија успешно се справува со трговијата со луѓе

-

Стејт департментот на Соединетите Американски Држави (САД) во својот најнов извештај за состојбата со трговијата со луѓе во светот, ја рангира Македонија во групата ТИЕР 1, односно земји што ги исполнуваат стандардите за борба против овој вид криминал.

Македонија е единствената земја од регионот што е рангирана во ТИЕР 1, заедно со уште 32 држави што ги исполнуваат минималните стандарди при справување со трговијата со луѓе, меѓу кои се Австрија, Германија, Данска, Финска, Франција, Чешка, Канада, Норвешка, Холандија, Белгија, Швајцарија, Шведска.

Македонија по петти пат е рангирана во оваа група држави.

Во извештајот е нотирано покренувањето истрага против седуммина полициски службеници поврзани со трговија со луѓе и пресудата против четворица од нив. Истакнато е зголемувањето на средствата за помош на жртвите на трговијата со луѓе, како и идентификувањето на првата жртва која била присилена на питачење, но е намален вкупниот број на идентификувани жртви во споредба со 2013 година.

Во извештајот се наведува дека во 2014 година само две лица биле осудени за ваков вид криминал, што според Стејт департментот, е најмал број судски пресуди за вакви случаи од 2009 година, а нотирани се и случаи во кои полициски и трудови инспектори, наводно, примале мито во случаи поврзани со трговија со луѓе.

Од Министерството за внатрешни работи го поздравија извештајот на Стејт департментот, од каде нагласуваат дека „фактот дека Македонија остана лидер во регионот, за нас како Министерство, но и за Националната комисија за борба против трговијата со луѓе, во која партиципираме, значи обврска за сериозна анализа на извештајот и за постапување по препораките“.

Како и во претходните, и во овој извештај Македонија е оценета како „земја извор, транзит и дестинација на мажи, жени и на деца кои се принудени на сексуална и на трудова експлоатација. Македонските жени и девојки се предмет на сексуална и на трудова експлоатација во ресторани, барови и во ноќни клубови во земјава. Децата, пак, главно од ромската популација, преку нивни роднини се сексуално експлоатирани преку таканаречените принудни бракови. Жртвите во Македонија, главно, доаѓаат од Источна Европа или земјите од соседството, додека македонските државјани се жртви на сексуална или трудова експлоатација во земјите од Јужна, Централна и од Западна Европа“, стои во извештајот на Стејт департментот на САД.

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат...