fbpx

Смртна казна за синот на Гадафи

-

Саиф ел Ислам Гадафи, најистакнатиот син на убиениот либиски лидер Муамер Гадафи, осуден е на смрт заедно со осум други припадници на поранешната влада, јавува „Раша тудеј“.

Осуден е во отсуство во Триполи, заедно со другите високи членови на власта која беше соборена во 2011 година. Меѓу обвинетите на кои судот им изрече смртна пресуда се и поранешниот премиер, како и шефот на шпионската служба од времето на Гадафи.

Саиф ел Ислам Гадафи беше уапсен во ноември 2011 година, додека се обидувал да ја напушти Либија, непосредно откако бунтовничките сили го ликвидираа неговиот татко.

Локалната милиција со месеци го држеше во притвор во градот Зинтан затоа што милитантите ги одбија барањата на меѓународно признаената влада на Триполи да го предаде на судење.

Муамер Гадафи е убиен во октомври 2011 година откако беше заробен од бунтовниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...