fbpx

Почина 10-годишно дете, погодено од залутан куршум

-

Десетгодишно дете од Гостивар синоќа починало во Ургентниот центра во Скопје од повреди на главата, најверојатно предизвикани од залутан куршум.

Според полициските иформации, вчера околу 15.30 часот, од Медицинскиот центар во Гостивар во локалната полициска станица било пријавено дека кај нив е донесено 10-годишно дете од населбата Фазанерија, „со повреди во пределот на главата, најверојатно од залутан проектил од огнено оружје“.

Поради сериозноста на повредите, детето било пренесено во Ургентниот центар во Скопје, каде околу 23.40 часот им подлегнало на повредите.

Јавен обвинител и екипа на гостиварската полиција извшриле увид на местото и работат на расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...