fbpx

Краус: УНХЦР не поддржува затворање граници и нема информации за насилства

-

УНХЦР не поддржува затворање граници на било која земја во светот, но засега нема информации дека границата е официјално затворена и чекаме потврда од надлежните власти – изјави за „Мета“ Александра Краус, заменик-претставник на УНХЦР за Македонија.

Краус вели дека засега не знаат какви ќе видат последиците од ваквата одлука на владата и од распоредувањето армиски сили.

– Ситуацијата во Гевгелија е многу мирна и тивка. Во текот на денот пристигнаа околу 250-300 мигранти на железничката станица, од кои повеќето по добивањето на документите се качија на воз и заминаа. На станицата останаа уште 40-50 мигранти, кои веројатно ќе заминат со следниот воз. Ова веројатно покажува дека границата не е целосно затворена и оти мигрантите изнаоѓаат начин како да ја минат границата – вели Краус.

Претставничката на УНХЦР нема информации дека полицијата употребила шок-бомби и солзавец за да ги смири мигрантите.

– Немам такви информации. Денеска не бев на границата. Тука сум на железничката станица, а ниту еден од мигрантите со кои контактиравме не соопштија такво нешто – вели Краус.

Инаку портпаролката на УНХЦР, Мелиса Флеминг, денеска ја критикуваше одлуката на македонските власти да ја затворат јужната граница за да ги сопрат мигрантите кои се обидуваат да влезат од Грција.

– Тоа се бегалци кои бараат заштита и тоа не смее да биде спречено – рече Флеминг и ја повика Европа да изнајде решение и да им помогне на Македонија и Србија кои се преоптоварени и „не можат да бидат оставени сами со толкав број на бегалци“.

Флеминг изрази „длабока загриженост“ поради судбината на луѓето кои останале во безграничната зона и повика на воздржаност и итно праќање помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...