fbpx

Коѕиас утре во Скопје на средби со целиот државен врв и со опозицијата

-

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, утре доаѓа во Скопје. Коѕиас ќе допатува во Скопје од Брисел, каде вчера и денеска учествува на Советот за општи и надворешни работи на ЕУ, на кој се разговара и за Македонија.

Коѕиас ќе се сретне со целиот државен врв, но и со опозицијата, а главни теми се очекува да бидат мерките за градење доверба, како и сите теми од билатерален интерес, спорот за името и интензивирање на соработката.

Еднодневната посета ќе почне со средба со неговиот колега Никола Попоски во Министерството за надворешни работи, по што се предвидени изјави за медиумите. По Попоски, Коѕиас ќе се сретне со вицепремиерот Фатмир Бесими, кој беше во посета на Атина пред две недели. Трет на списокот за средби ќе биде премиерот Никола Груевски, кого Коѕиас остро го критикува и бара да се откаже од иредентистичките позиции за да се дојде полесно до компромис за името и до подобрување на односите меѓу двете држави.

Грчкиот министер ќе биде примен и од претседателот Ѓорѓе Иванов, а во текот на денот ќе има и работен ручек со Попоски.

Посетата на Скопје, Коѕиас ќе ја заврши со средби со лидерите на политичките партии, односно средба со првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, и со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

При посетата на Коѕиас се очекува да се објават мерките за градење доверба за кои двете страни дискутираат и преговараат неколку месеци.

Грчките аналитичари што го следат спорот велат дека посетата ќе помогне да се стопи дополнително мразот меѓу двете страни, да се подобрат односите и каналот на комуникација за да се интензивира соработката и разбирањето меѓу Атина и Скопје. Не се очекуваат некои драстични отстапки во врска со спорот за името, но оцените се дека секоја тет-а-тет средба меѓу двете страни, посетата на Атина или Скопје, помага за уривање на бариерите и ги приближува двете страни до компромисно решение.

Коѕиас е вториот министер за надворешни работи што во рок од една година ја посетува Македонија. Речиси десетгодишниот мраз и одбивање да се стапне на македонско тло од грчки шеф на дипломатијата, лани го скрши претходникот на Коѕиас, Евангелос Венизелос, кој дојде во посета на Скопје во функција и на министер за надворешни работи на Грција и како претседавач со ЕУ.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Последните часови од животот на Платон опишани во дешифриран свиток, бил облеан со вулкасни пепел од Везув

Нова технологија овозможи да се дешифрираат пасуси од свиток кој бил облеан со прашина од познатата ерупција на Везув во 79 година н.е. Во новооткриените пасуси може да се...