среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: опозиција | 310 резултати

Османи: Денес можеше да биде ден за славење и кај нас

15 декември 2023

Денеска можевме и ние да славиме, но антиевропските темни сили држат во заложништво два милиони граѓани, порача македонскиот министер за надворешни работи денеска на својата Фејсбук страница, честитајќи го почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ на Украина и Молдавија. „Честитки до Украина и Молдавија за почетокот на преговорите со Европската Унија. Денес можеше да […]

Албанската опозиција ја напушти лидерската средба, веднаш откако заминал Талат Џафери

4 декември 2023

Албанската опозиција ја напушти лидерската средба во Собранието. Причината, како што соопшти Европски сојуз за промени, е тоа што лидерската претходно ја напуштил претседателот на парламентот Талат Џафери, па албанската опозиција немала со кого да дебатира за нивни член во Државната изборна комисија (ДИК). „Излеговме и ние затоа што немавме со кого да ги соочиме […]

Во Белград попладнево нов протест „Србија против насилството“

9 јуни 2023

Нов, шести по ред, протест „Србија против насилството“, ќе се одржи попладнево во Белград, со почеток во 18 часот, јавија српските медиуми. Демонстрантите ќе се соберат пред Народното собрание, од каде ќе продолжат до Правниот факултет, па потоа до Славија и до зградата на Владата, околу која граѓаните ќе направат прстен. Фокусот на денешниот протест […]

Агелер за МИА: „Бехтел“ работи законски, опозицијата критикува заради политички поени

18 мај 2023

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела П. Агелер е уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи, како што вели, тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, во спротивно не би имала проекти насекаде во светот и неколку во регионот на Западен Балкан. Агелер во интервју за МИА […]

Турција решава за иднината – без или со Ердоган!

14 мај 2023

Во Турција денеска се одржуваат решавачки избори, можеби најбитните во нејзината модерна историја, на коишто над 64 милиони гласачи ќе имаат можност да ја одредат иднината на својата земја – дали со неа и понатаму, по 20 години на власт, ќе раководи Реџеп Тајип Ердоган, или ќе го испратат во историјата. Како што известува Би-Би-Си […]

Објавени предложените учесници во работната група за уставните измени

11 април 2023

Министерството за правда денеска ги објави имињата на учесниците во работната група за уставни измени, предложени од парламентарните политички партии и од институциите. Рокот што им беше даден од Министерството за правда на институциите и политичките партии за номинирање свој претставник во работната група истече ноќеска на полноќ. Според предложените имиња, евидентно е дека претставниците […]

Контраспин: Секоја партија, па и ВMРО-ДПМНЕ, треба да се занимава и со дневна политика

24 март 2023

Османи ја извртува вистината кога ја советува ВМРО-ДПМНЕ да не се занимава со дневна политика и тоа е освен спин и непринципиелен став, зашто, меѓу другото, опозицијата се занимава и со работењето на Османи и со работењето на вицепремиерот Артан Груби. Освен ова Османи ја извртува вистината околу изедначувањето на трите клучни договори и вели […]

Мнозинството во Собранието има опција за блокираните закони за анти-кризна помош

8 ноември 2022

СДСМ можеби со право реагира за блокадата на собраниска комисија што е раководена од опозицијата и без чија расправа не можат да поминат владините мерки за помош на загрозени делови од населението во услови на криза. Но, решение постои и ако навистина не може да се постигне меѓупартиски договор, владејачкото мнозинство секогаш има на располагање […]

Во ЕУ извештајот нема „најмногу критика“ за ВМРО-ДПМНЕ – критиките и кон власта не се ништо помали

18 октомври 2022

Во Извештајот на ЕУ за напредокот на С. Македонија во 2021/2022, година „критиките“ ако можат да се оценат како критики, зашто се опис на состојбите, најмногу се однесуваат на „непостоење консензус“ за важни законски промени што доведува до „поларизација во Собранието помеѓу политичките партии“, што доведува до намалена функционалност на парламентот при сосема нова улога […]

Вархеји: Опозицијата во Северна Македонија ги премина границите на цивилизиран начин на водење политика

26 јули 2022

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во интервју за „Еурактив“, на опозицијата во Северна Македонија ѝ порача дека при дебатата во Собранието за Европскиот предлог за почеток на преговорите за членство во ЕУ, ги преминала границите за европски и цивилизар начин за водење на политика. „Ова е момент за отрезнување за Северна Македонија, но и за […]

Вистиномер: Не е точно дека ДУИ досега не била во опозиција

13 ноември 2021

ДУИ беше опозициска партија пред 15 години, во 2006 година кога Груевски формираше влада со ДПА, НСДП и ЛДП. Во власта, пак, е континуирано 13 години – од 2008 година. Оттука, неточна е информацијата што ја соопштува Левица дека доколку падне Владата на СДСМ и ДУИ, ДУИ, конечно, по 20 години ќе замине во опозиција, […]

Контраспин: Очигледна манипулација видлива и од авион

27 октомври 2021

Бројката од 631.860 жители, којашто Влатко Ѓорчев манипулативно ја претставува како показател за победа на ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ од 4 спрема 1, воопшто не значи тоа. Од овие 631.860 жители во 22 општини има луѓе кои воопшто не излегле да гласаат, има лица кои гласале за независни кандидати или кандидати што се од друга партија, […]

Поради блокада на Законот за лични карти во собранието, Заев најави дека е можно на изборите да се гласа со старите документи

19 август 2021

Бифејќи пратениците се на одмор, а новиот Закон за лични карти е блокиран од страна на опозицијата, премиерот најави дека на локалните избори можно е граѓаните на кои им се истечени личните карти да гласаат со старите документи за лична идентификација. Во овој миг 41.100 е официјалниот број на поднесени барања за издавање нова лична […]

Заев: Нашето место во ОН е потврда за македонскиот јазик и македонскиот идентитет (Видео)

11 октомври 2020

Македонија е меѓународно призната држава со сопствена армија, со државна валута и со сите постулати на државност, нашето место во ОН е кристална и недвосмислена потврда и за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонскиот јазик се користи слободно секаде во сите меѓународни институции, активности и настани. Во европските институции во Брисел и во Стразбур. […]

ВМРО-ДПМНЕ се откажа од потпретседател во Собранието

28 август 2020

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во телевизиско гостување вчера рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, посочувајќи дека тоа е непотребен трошок кој што ќе го плаќаат граѓаните. -Јавно кажавме од собраниската седница дека е премногу и дека е непотребен трошок сето ова што се прави. Впрочем ако видиме во минатото никогаш […]

Партијата на Вучиќ победи на парламентарните, покраинските и на локалните избори во Србија

22 јуни 2020

Уште еден четиригодишен мандат за владеење на партијата на актуелниот српски претседател Александар Вучиќ. Српската напредна странка (СНС) оствари убедлива победа на вчерашните парламентарни избори во Србија, освојувајќи повеќе од два милиона гласови. Тоа го соопшти доцна синоќа Вучиќ, од седиштето на партијата во Нов Белград. Партијата на Вучиќ победи и на покраинските избори во […]

Во Србија денеска се одржуваат избори, дел од опозицијата ги бојкотира

21 јуни 2020

Во Србија денеска се одржуваат парламентарни, покраински и локални избори. Право на глас имаат 6.583.665 граѓани, кои можат да изберат меѓу 21 изборна листа што се натпреварува на парламентарните избори. Според досегашните анкетни истражувања, за фаворит на изборите се смета Српската напредна странка на актуелниот претседател Александар Вучиќ. Сепак, значаен дел од опозицијата, групирана околу […]

Штипската опозиција бара капитални проекти, Бочварски најави брана на Отиња

26 декември 2019

Разгледувајќи го предлог буџетот на Општина Штип на денешната седница на Советот, опозициската ВМРО-ДПМНЕ забележа дека немала можност да внесе свои амандмани, по пример на Град Скопје, а документот за нив е неразбирлив. -Веќе 12 години се повторува истото. Нема граѓански буџет и никој не може да го разбере, ни советниците ни граѓаните. Ние како […]

Собранието го усвои буџетот за 2020 година

23 декември 2019

Собранието го усвои буџетот за 2020 година со 65 гласа „за“ и 23 „против“ како и Законот за извршување на буџетот од 2020 година во рамки на 125. седница. Буџетот за идната година изнесува 3,9 милијарди евра, приходите се планирани на 3,6 милијарди евра, расходите на 3,9 милијарди евра, а буџетскиот дефицит е предвиден на […]

За власта буџетот е развоен, за опозицијата – популистички и предизборен

16 декември 2019

Буџетот за 2020 година носи мото „инвестираме во човечкиот капитал” затоа што човечкиот капитал е најважен за економскиот развој на една земја, рече министерката за финансии Нина Ангеловска во експозето на предлог-буџетот за 2020 година, кој денеска беше на пленарна седница во Собранието. – Затоа, во предлог-буџетот за 2020 година издвоивме наjвисоки досега 154 милијарди […]

Страна 1 од 16